Овој рецепт потекнува од античка Грција а највкусен доказ е дека врвниот десерт може да се направи и без јајца и млеко.

Потребни состојки:

100 г меко брашно

8 лажици мед

1 мала лажичка сисам

1 мала лажичка маслиново масло

200 мл вода

Постапка:

1.Брашното просејте го во сад, постепено долевајте вода и мешајте за да не се создадат грутки. Додадете постепено, половина од медот (4 лажички).

2.Загрејте ја тавата, пропжете го сусамот на суво додека да добие убава жолта боја. Префрлете во сад. Намастете ја тавата со масло, ставете една четвртина од смесата да се обликува во тркалезна палачинка.

3.Печете ја палачинката и од другата страна додека да порумени. Повторувајте ја постапката додека да се потроши смесата (вкупно 4 палачинки). Печените палачинки премачкајте ги со преостанатиот мед, поросете со сусам и послужете.