Home Десерти Сомборски штангли – многу вкусни колачи со бисквити и ореви, какви што...

Сомборски штангли – многу вкусни колачи со бисквити и ореви, какви што ги правеа нашите баби, се топат во уста

Во филот се користат бисквити, може да користите петит или плазма или некои по ваш вкус. Исто така, се користи 250 г путер, но може да се стави и 200 г. Еве кои состојки ви се потребни:

Потребни состојки:

6 јајца
6 лажици шеќер
120 г брашно
2 лажици вода
½ прашок за печиво

За фил:

200 г мелени ореви
150 г мелени бисквити
100 г шеќер во прав
100 мл провриено млеко
1 портокал – сок
250 г путер
4 жолчки
50 г шеќер во прав

За шлаг:

4 белки
4 лажици шеќер

за глазура:

100 г црно чоколадо
2-3 лажици масло

Постапка:

Изматете ги добро јајцата и шеќерот. Додајте брашно, 2 лажици вода и половина кесичка прашок за печиво. Ставете да се пече во загреана рерна на 190 степени околу 15-18 минути. Оставете го колачот/бисквитот целосно да излади.

Сомелете ги оревите и бисквитите. Исцедете го портокалот. Ставете да зоврие 100 мл млеко.

Потоа зовриеното млеко полијте го врз мелените ореви. Измешајте, а потоа додајте ги мелените бисквити, шеќерот во прав и сокот од портокал. Оставете ја смесата настрана.

Изматете ги жолчките и оставете ги настрана. Ставете го путерот на тивок оган, додека целосно да се растопи, па тргнете го од рингла, додајте ги изматените жолчки и шеќерот, па вратете ја повторно смесата да зоврие со постојано мешање.

Врелата смеса од путер излејте ја во смесата од ореви и бисквити. Добро промешајте.

Готовиот фил нанесете го врз ладниот бисквит.

На пареа изматете ги белките (матете ги во сад кој сте го поставиле врз вода која врие) и постепено додавајте го шеќерот. Матете додека да добиете цврст снег од белки во кој шеќерот е растопен.

Вака добиениот шлаг нанесете го врз филот, а одозгора прелијте со чоколадна глазура.