Турска пита, мантии во поедноставна постапка…Питата е крцкава и многу вкусна.
Потребни состојки:
1 кг брашно + за додавање
600 мл вода
1 рамна лажица сол
2 јајца
масло за премачкување (може маст, маргарин, путер)
за фил:
10 брикети смрзнат спанаќ (оригиналот е со месо)
300 – 400 г сирење
1 јајце
Постапка:
Во брашното додајте две јајца, во водата додајте сол и со постепено додавање во брашното замесете меко тесто кое не се лепи за раце.
Готовото тесто поделете го на 20 топчиња (прво на четири, па од секое извадете по пет помали топчиња).
Секое топче развлечете го со оклагија во величина од тацна и одозгора коричката премачкајте ја со масло.
Редете ги коричките една врз друга, така што секогаш горната ќе ја развлечете малку повеќе од претходната и ќе ја премачкате со масло. Последната 20.кора не се премачкува. Потоа со оклагија развлечете ја кората во голем круг.
Кората сечете ја на квадрати со димензија околу 4х5 см. На секое квадратче ставете фил. Од секое квадратче обликувајте пакетче – топче.
Редете ги во тепсија 30 см намастена со путер или маргарин. Одозгора премачкајте со масло и ставете во рерна на печење.
Деталите од постапката погледнете ги во видеото: