Home Десерти Мермерен колач со ванила и чоколадо – мек, сочен и неодолив

Мермерен колач со ванила и чоколадо – мек, сочен и неодолив

mek mermeren kolac

Мек и воздушест мермерен колач со прекрасен спој на ванила и чоколадо, кој се подготвува едноставно и без многу компликации.

Путерот, јогуртот и малото количество масло му даваат особено нежна и сочна текстура, а чоколадниот прелив го прави уште повкусен.

Овој домашен мермерен колач е одличен избор за попладневно кафе или чај, за десерт по ручекот или кога сакате брзо да подготвите нешто слатко за целото семејство.

mek mermeren kolacpecen kolac

Потребни состојки

За колачот:

110 г солен путер, омекнат
175 г шеќер
30 мл растително масло
2 јајца
120 г природен јогурт
200 г брашно
1½ лажичка прашок за печиво
1 лажичка екстракт од ванила

За чоколадниот дел:

10 г какао во прав
1 лажица млеко

<

За глазурата:

60 г шеќер во прав
1–2 лажици млеко

За украсување:

100 г чоколадо, растопено
Калап: 18 × 18 см
Температура: 170 °C
Време на печење: 30–35 минути

mermeren kolac pred pecenjemermeren kolac mek kako sunger

Начин на подготовка

Во длабок сад ставете ги омекнатиот путер и шеќерот. Матете околу 2 минути, додека смесата не стане светла и кремаста.

Додајте го маслото и матете уште околу 1 минута, додека состојките убаво не се соединат.

Додајте ги јајцата и екстрактот од ванила, па матете уште околу 2 минути. Повремено соберете ја смесата од страните на садот за да се измеша рамномерно.

Додајте го јогуртот и кратко изматете додека смесата не стане мазна.

Просејте ги брашното и прашокот за печиво директно во садот. Со шпатула или лажица нежно измешајте, без непотребно долго мешање.

Одделете околу една третина од смесата во друг сад. Додајте ги какаото во прав и една лажица млеко, па измешајте додека да добиете рамномерна чоколадна смеса.

Калапот обложете го со хартија за печење. Со лажица наизменично ставајте од светлиот и од чоколадниот дел од смесата. Со стапче или нож можете лесно да поминете низ смесата за да создадете карактеристичен мермерен изглед.

Печете во претходно загреана рерна на 170 °C околу 30–35 минути. Проверете со дрвено стапче – колачот е готов кога стапчето излегува чисто или со неколку суви трошки.

За глазурата, измешајте го шеќерот во прав со 1–2 лажици млеко, постепено додавајќи го млекото додека да добиете мазна, густа глазура.

Прелијте го топлиот колач со глазурата, а потоа одозгора наросете или прошарајте со растопено чоколадо.

Оставете го кратко да се излади, исечете го на парчиња и послужете.

Совет: За најубава текстура, немојте предолго да го мешате тестото откако ќе го додадете брашното. Така колачот ќе остане мек и воздушест. Постапката погледнете ја во видео прилогот ОВДЕ: