Home Uncategorized Како да направите совршена пул-апарт погача што се кине на меки ружички

Како да направите совршена пул-апарт погача што се кине на меки ружички

🥐 Пул-Апарт погача што се кине на ружички – мека како памук и совршена за секоја трпеза

Оваа домашна пул-апарт погача е вистински хит за семејни собири, празници или топол појадок. Се кине на меки „ружички“, со слоеви што се топат во уста благодарение на путерот.

Рецептот е едноставен, но резултатот изгледа како од пекарница – идеален и за оние што сакаат да подготват нешто впечатливо без комплицирани техники, пишува НМД. Еве што ви е потребно:

📝 Потребни состојки:

• 750 г бело брашно (тип 400 или 00)
• 225 мл млеко
• 190 мл вода
• 11 г сув квасец
• 15 г шеќер
• 15 г сол
• 2 јајца
• 40 мл масло
• 105 г путер (растопен, за премачкување)
• 1 јајце (за премачкување)
• 1 лажица млеко (за премачкување)
• сусам (по вкус)
• НМД

👩‍🍳 Постапка:

1. Во длабок сад додајте ги брашното, солта, шеќерот, квасецот, јајцата и маслото.

2. Во млака состојба измешајте ги водата и млекото, па сипете ги постепено во смесата.

3. Месете рачно или со миксер додека да добиете меко, мазно тесто кое почнува да се одвојува од ѕидовите на садот.
👉 Тестото треба да биде меко – не додавајте дополнително брашно.

4. Покријте и оставете да стаса околу 60 минути, односно додека да го удвои волуменот.

5. Стасаното тесто развлечете го со сукало на дебелина од околу 1 прст.

6. Премачкајте со растопен путер, па со чаша или калап вадете кругови.

7. Редете ги круговите надоврзано едно преку друго -во круг, во намастен сад за печење (околу 26 см дијаметар).

8. Остатокот од тестото грубо соберете го со рацете и ставете го во средината.

9. Оставете да нарасне уште 30 минути.

10. Премачкајте со јајце измешано со млеко и посипете сусам.

11. Печете во загреана рерна на 180°C околу 30 минути.
👉 Ако почне премногу да потемнува, покријте со хартија за печење.

💡 Совети за совршен резултат:

• Не користете калап за торта – путерот ќе истече при печење.
• Идеален е подлабок сад со дијаметар околу 26 см.

• За уште побогат вкус, користете квалитетен путер – ова директно влијае на аромата и мекоста.

• Овој рецепт е одличен за користење со планетарен миксер или професионална рерна.

• Постапката погледнете ја во видео прилогот ТУКА.