Брза и мека пита – готова за 30 минути
Оваа сочна, мека и мирисна пита се подготвува од неколку едноставни состојки и е идеална кога сакате нешто вкусно, брзо и сигурно.
Потсетува на домашните традиционални рецепти и носи вистински вкус на топлина и семејна атмосфера. Одлична е за појадок, вечера или како брза закуска што исчезнува веднаш од трпезата, пишува НМД. Еве што ви е потребно:
Потребни состојки
За питата:
• 500 г кори за пита
• НМД
За фил:
• 300 г ситно сирење
• 4 јајца
• 100 мл јогурт
• 3 полни лажици кисело млеко
• 14 г прашок за печиво
• 1 лажичка сол (за сирењето ако не е солено)
• 100 мл масло (за премачкување на корите)


Постапка за подготовка
1. Во поголем сад ставете го сирењето, додајте јајца, кисело млеко, јогурт, прашокот за печиво и солта. Убаво измешајте додека да се добие мазен, средно густ фил.
Доколку филот ви изгледа прегуст, можете да додадете малку газирана вода или уште малку јогурт.
2. Пригответе ги корите за пита и загрејте ја рерната на 200°C.
3. На секоја кора рамномерно нанесете по малку масло, па врз првата половина од кората ставете две полни лажици фил и нежно премачкајте во тенок слој.
4. Преклопете ја кората на половина, а потоа внимателно завиткајте ја во ролна. Првата свиткана кора оформете ја во „полжав“ и ставете ја во центарот на намастена тава со дијаметар од околу 33 см.
5. Продолжете со останатите кори, редејќи ги една по една околу централната ролна додека да се пополни целата тава.
6. Кога ќе ги наредите сите кори, прелијте ја питата со преостанатото масло.
7. Печете ја прво 10 минути на 200°C, а потоа зголемете ја температурата на 220°C и печете уште 20 минути, додека да добие убава златеста боја.
Совет
Питата секогаш излегува премека, сунѓереста и богата со фил, бидејќи секоја кора е убаво премачкана и внимателно свиткана. Иако се користат готови кори, вкусот е како да сте ја меселе и развлекувале дома.
Уживајте во ова прекрасно, брзо и секогаш успешно јадење! 🍽️✨ Постапката погледнете ја во видео прилогот ОВДЕ:





































