Салата „Гости во шок“ – неверојатно вкусна, а изгледа како скапа деликатесна торта
Оваа слоевита салата е вистински хит на секоја трпеза – изгледот е елегантен и заводлив, а кога гостите ќе дознаат од што е направена, остануваат во тотален шок.
Едноставни и достапни состојки, а резултатот е спектакуларен вкус кој се памти долго, пишува НМД. Еве што ви е потребно:
Потребни состојки:
120 г рендан кашкавал
2 средни варени компири
3 тврдо варени јајца
2 свежи помали краставици
200 г конзервирана пченка (или варена пченка во зрно)
2 димени пилешки батаци (или димена пилешка шунка)
мајонез (по потреба, околу 250–300 г)
НМД

Постапка:
Кашкавалот изрендајте го на ситно ренде.
Варените компири, тврдо варените јајца и свежите краставици исечкајте ги на многу ситни коцки. Димените батаци ослободете ги од коските и кожата и исто така исечкајте ги на ситни коцки.
Изберете помал правоаголен калап за торта (дијаметар 18–20 см) или калап за печење леб. Целосно обложете ја внатрешноста со проѕирна кујнска фолија така што краевите убаво да превиснуваат.
На дното рамномерно распоредете го ренданиот кашкавал и лесно притиснете. Премачкајте го со тенок слој мајонез и израмнете.
Продолжете со слоевите во следниов редослед:
– пченка (добро исцедена) – тенок слој мајонез)
– исечкани краставици – тенок слој мајонез
– исечкани варени јајца – тенок слој мајонез
– исечкано димено месо – тенок слој мајонез
– исечкани варени компири – последен тенок слој мајонез
Површината убаво израмнете ја со лажица или шпатула. Покријте со превиснатите краеви од фолијата и дополнително ставете парче фолија одозгора.
Оставете ја салатата во фрижидер најмалку 30 минути (а идеално 2–3 часа) за да се стегне и вкусовите да се соединат.
Пред сервирање, превртете ја на соодветна рамна чинија или подлога за торта, внимателно тргнете го калапот и фолијата.
По желба декорирајте со гранчиња магдонос, маслинки, зрна од калинка, парчиња краставица тенки како хартија или малку рендан кашкавал.
Исечете на парчиња како торта и уживајте во воодушевувањето на гостите! Постапката погледнете ја во видео прилогот ОВДЕ:





































