Прелиена пита со сирење
Оваа прелиена пита со сирење е стар, традиционален рецепт што носи топлина и вкус од домашната кујна.
Со едноставни состојки и уникатен прелив, ова јадење ќе ве освои со својата сочност и мека текстура.
Совршена за секоја пригода, оваа пита е лесна за подготовка, а нејзиниот вкус ќе ве врати во спомените на домашните рецепти на нашите баби, пишува НМД. Еве што ви е потребно:
Потребни состојки:
– 200 мл јогурт
– 200 мл газирана минерална вода
– 200 г ситно сирење
– 4 јајца
– 15 г прашок за печиво
– 10 г сол
– 400 г брашно
– За прелив:
– 400 мл млеко
– 80 г путер (или масло)
– 2,5 г сол (половина лажичка)
– НМД
Постапка:
1. Во длабок сад, изматете ги јајцата со 10 грама сол, кратко, само колку да се соединат.
2. Додајте 200 мл јогурт и 200 мл минерална вода, па промешајте.
3. Вметнете 200 грама ситно сирење и добро измешајте.
4. Постепено додајте 400 грама брашно и 15 грама прашок за печиво. Мешајте со жица за матење додека смесата стане хомогена.
5. Загрејте ја рерната на 200 °C.
6. Подмачкајте плех 25х30 см со масло и излејте ја подготвената смеса. Рамномерно распоредете ја во плехот.


7. Печете ја питата во загреаната рерна 25-30 минути, додека добие златнокафена боја.
8. За подготовка на преливот, во сад на оган ставете 400 мл млеко, 80 грама путер и половина лажичка сол. Оставете ја смесата да зоврие.
9. Врелата пита извадете ја од рерната и веднаш исечете ја на коцки.
10. Прелијте ја питата со врелиот прелив и оставете ја неколку минути да го впие млекото.
11. Вратете ја питата во рерната и печете уште 5 минути.
12. Извадете ја питата од рерната и оставете ја да се излади околу 15 минути пред сервирање.
Оваа прелиена пита е сочна, мека и со неодолив вкус. Послужете ја топла и уживајте во нејзината уникатна арома и текстура. Добар апетит! Постапката погледнете ја во видео прилогот ОВДЕ:











