Совршена комбинација од бисквити и кокос – вистинска рапсодија за непцата.

Ќе се изненадите како од толку малку состојки, за толку кратко време може да се направи вакво совршенство!

Потребни состојки:

200 мл млеко
50 г шеќер во прав
10 г ванилин шеќер
150 г путер или маргарин
150 г кокос
150 г мелени бисквити

Постапка:

Загрејте го млекото и во него додајте путер исечкан на коцки.

Мешајте за да се растопи. Додајте ванилин шеќер и шеќер во прав, па продолжете со мешање за и тие да се растопат.

Кога ќе проврие додајте ги кокосот и мелените бисквити, па гответе на тивок оган уште 2-3 минути.

Обложете ја тепсијата или калапот (долгнавест за леб) со фолија (или пластична фолија) и истурете ја смесата, па израмнете и притиснете добро за да се натапка.

Може да се послужите со дното на чаша и да притискате одозгора.

Поклопете со фолија и оставете во фрижидер да излади најмалку 3-4 часа.

Колачот извадете од калапот и одозгора наросете со шеќер во прав или со кокос. Многу лесно и убаво се сече.

Деталите можете да ги погледнете во видеото: