Милка торта: Се мери на лажица – рецепт кој мора да си го запишете, предобар!

Потребни состојки за една кора, а потребни се две:

2 јајца

2 лажици шеќер

2 лажици брашно

½ лажичка прашок за печиво

1,5 лажица какао во прав

2 лажици врела вода

Постапка:

Изматете ги јајцата со шеќер. Во изматените јајца додадете просеано брашно, какао и прашок за печиво, па внимателно промешајте. Додадете вода и уште еднаш промешајте.

Печете во загреана рерна на 180 степени околу 15 минути во калап за торти со пречник 20 см.

За тортата се потребни две вакви кори.

МЛЕЧЕН КРЕМ

670 мл млеко

70 г густин

2,5 лажици шеќер

70 г бело чоколадо

170 г маргарин / путер на собна температура

100 г шеќер во прав

Постапка:

Измешајте 100 мл млеко со шеќер и густин. Во шерпа ставете го преостанатото млеко (570 мл), додадете бело чоколадо и гответе на умерена температура додека да зоврие. Намалете го огнот и со постојано мешање додадете ја мешавината од млеко, шеќер и густин.

Продолжете да готвите додека да згусне со постојано мешање. Готовиот крем оставете го да излади. Изматете го путерот пенасто со шеќер во прав, па потоа спојте го со изладениот крем и уште малку изматете за да се измешаат добро.

ТОПИНГ:

140 г млечно чоколадо

3 лажици млеко

2,5 лажици шеќер

100 г путер/маргарин

Сите состојки заедно растопете ги и измешајте ги на пареа. Оставете да подизлади.

РЕДЕЊЕ: 1 кора, половина млечен крем, половина топинг, па уште еднаш повторете.

Loading...