Запишете си ги сите рецепти, многу се корисни!

Чај за матка (за сите болести):

100 г ајдучка трева
100 г коњско опавче
300 г невен
100 г коприва

*сите билки се купуваат во Билна аптека и се мешаат заедно.

Целата количина се попарува со 1,5 литар зовриена вода, се поклопува и се остава еден час, по што се процедува.

1,5 чај се пие голтка по голтка во текот на целиот ден. Терапијата трае до постигнување на резултати, околу еден месец или пократко.

Во истиот чај може да се стави и една лажица сода бикарбона, па да се користи за вагинално измивање.

Лек за ХПВ

1 литар квалитетна ракија
15 г корен од линцура
15 г жолт кантарион
15 г црвен кантарион
15 г петровец

Сите билки се ставаат во тегла или шише и се прелеваат со ракија. Се затвора добро и се остава 8 дена на собна температура со повремено протресување.

Потоа се процедува и се пие 4 пати на ден пред јадење по една супена лажица во период од 28 дена.

Чај за плодност и стерилитет

1 прстофат дробени ливчиња од здравец се прелеваат со 120 мл врела вода. Се поклопува и се остава 10 минути да отстои по што се процедува и се пие голтка по голтка преку цел ден.

Чај за вагинални инфекции (бело прање)

…и тешки месечни циклуси, спречување на спонтани абортуси

1 кафена лажичка Вркута (бисерок, моминска наметка) се прелива со чаша зовриена вода, се поклопува и се остава 5-10 минути.

Се процедува и се пие полека, голтка по голтка. Доволни се две чаши во денот, во текот на еден месец. Овој чај не смеат да го пијат лица со гастроентеролошки болести.

И оваа билка можете да ја најдете во Билна или други добро снабдени аптеки или на пазарите каде се продаваат свежо набрани билки.