Крцкава пита со готови кори, одлична за брз појадок или меѓуоброк…Еве што ви е потребно според рецептот на Донка Николаева:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

500 г готови кори (16-17 листови)
350 г ситно сирење
150 г путер
6 јајца
2 супени лажици кисело млеко
10 г прашок за печиво

За полевање: 150 мл млеко
За посипување: сусам или семе по желба

ПОСТАПКА:

Јајцата се матат, се додава киселото млеко помешано со прашокот за печиво и издробеното сирење. Се топи путерот и со него се мачкаат корите.

Во тавче со пречник од 24 см ставам две кори една по друга кои ги мачкам со путер, на секои две кори сипувам од филот и така додека да се потрошат корите и смесата.

Готовата пита ја сечкам на квадрати со остар нож и ја преливам со свежото млеко. Посипувам со сусам и печам во загреана рерна на 180 степени додека да зарумени.

Највкусната пита со сирење и готови кори…Рецепт кој ќе си го чувам засекогаш…