КЕКС КУГЛОФ со неверојатен вкус…Порано го правев со газирана вода, а сега со газиран сок (фанта) и има неповторлив вкус! Рецепт на Ана Гатева. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (се мери со чаша од 250 мл):

5 јајца
2 чајни чаши шеќер
1/2 чајна чаша масло
1 чајна чаша Фанта или друг портокалов газиран сок
1 прашок за печиво
3 чајни чаши брашно
2 ванилин шеќер
3 супени лажици какао во прав

ПОСТАПКА:

Прво ги матам јајцата околу 2…3 минути, па го додавам шеќерот и матам околу 5 минути. Ги додавам маслото, фантата, ванилата и брашното со прашокот за печиво.

Мешам до хомогена смеса. Смесата ја делам на два дела, а во едното го ставам какаото да стане кафеава целата смеса.

Исеков пластично шише малку под средината, користејќи го дното на шишето. Калапот за куглоф намачкајте го со масло/путер и посипете го со брашно и во средината поставете го шишето.

Ја истурам прво белата па кафеавата смеса и така наизменично ги менувам додека да ги потрошам двете смеси.

Вака го добивате овој ефект со шарите. Јас печев со вклучен горен и долен грејач (без вентилатор) на 180 степени додека да зарумени и дрвената чепкалка да излезе сува при проверка.

„Ако го знаев овој трик порано, сите мои торти ќе беа фантастични“: Многу брз, кремаст и лесен колач, често ќе го правите

Шарен куглоф – Со едноставна постапка направете го овој вкусен и убав колач

ЕДНОСТАВЕН КУГЛОФ ГОТОВ ДОДЕКА СВАРИШ КАФЕ…Мек е како сунѓер, со чоколадни трошки кои се топат во уста…