Чоколадна РОЗЕН торта со прекрасен вкус…може да биде и посна…Брза и лесна подготовка…
Оваа торта можете да ја направите во посна верзија ако користите млеко од соја или газирана вода, маргарин и посни бисквити, но оваа со млеко и плазма е многу повкусна. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
400 мл млеко
300 г шеќер (ако користите чоколадо Менаж, малку зголемете ја количината на шеќер)
250 г маргарин или путер
150 г чоколадо за готвење
300 г мелена плазма
250 г мелени ореви
2 портокали со средна големина (1 со кора, 1 без кора) замрзнати
1 пакување розен кори
За глазура растопете на пареа:
100 г чоколадо за готвење
3 лажици масло
ПОСТАПКА:
1.Смнрзнатите портокали изрендајте ги. Во тенџере ставете да зоврие млекото помешано со шеќер. Оставете да врие 2-3 минути на умерена температура, па додајте го путерот. Промешајте за да се растопи.
2.Тргнете од оган и додајте чоколадо, па промешајте за да се растопи и инкорпорира. Потоа додајте ја плазмата и оревите. На крајот додајте ги портокалите. Сѐ изедначете и филот е готов.
3.Во зависност од бројот на кори, распоредете го филот. Овде имаме 8 кори, што значи филот ќе поделиме на 7 дела. Филувајте кора-фил. Секоја кора малку притиснете ја.
4.Врз последната кора ставете хартија или фолија и ставете некое оптеретување. Оставете неколку часа во фрижидер или преку цела ноќ, а потоа залијте одозгора глазура. Сечете ја кога ќе се стегне. Постапката погледнете ја ОВДЕ.