Потребни состојки:

300 г тестенина

150 г шунка

3 варени јајца

100 г шампињони од тегла

200 г кашкавал

350 г кисела павлака

150 г мајонез

Постапка:

Тестенините сварете ги во вода со малку сол, а потоа исплакнете ги со ладна вода и процедете ги. Префрлете ги во соодветен сад па додадете ситно сечкана шунка или крупно изрендана.

Јајцата сварете ги, изладете ги, па на крупно ренде изрендајте ги.

Додадете ситно сечкани маринирани печурки и 150 г крупно рендан кашкавал.

Убаво промешајте па додадете 200 г кисела павлака и мајонез. Убаво соединете ги состојките.

Префрлете во одговарачки сад, премачкајте со остатокот од киселата павлака и наредете рендан кашкавал. Дополнително украсете по желба. Изладете пред послужување.

Деталите можете да ги погледнете во видеото: