ПИТА СО МЕСО….Однадвор крцкави кори, во средина сочен фил…Многу е вкусна, прсти да излижеш…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

За тесто:
900 г брашно
500 мл вода
1,5 лажичка сол
200 г растопен путер за премачкување

За фил:
2-3 главици кромид
400-500 г мелено месо
1 домат
1 пиперка
сол, црн и црвен пипер, зачини по вкус
1 компир
Печете на 240 C, 35-40 минути

ПОСТАПКА:

1.Испржете го ситно сечканиот кромид, па додајте го меленото месо и динскајте заедно додека месото да ја промени бојата. Потоа зачинете по вкус и додајте сечкани пиперка и домат. Динстајте уште неколку минути, па тргнете настрана.

Во филот додајте 1 рендан поголем компир и посолете (компирот се додава на крај, кога сте готови со тестото).

2.Во водата растворете сол, па помешајте со просеано брашно и замесете средно меко тесто. Месете го 6-8 минути за да добие еластичнот, па покријте го и оставете го да одмори 15-20 минути.

3.Тестото поделете го на половина, а секоја половина на 12 топчиња. Оставете ги да одморат 10-тина минути покриени со кеса или крпа.

4.Секое топче развлечете го во тенка кора. Редете ги на побрашнета површина и одозгора посипувајте ги со брашно за да не се лепат една од друга.

5.РЕДЕЊЕ: 12 кори една врз друга, секоја премачкана со растопен путер. Последната кора не ја премачкувајте. Целиот куп малку развлечете го со рацете, па откако ќе одмори 10-тина минути, развлечете го уште малку.

Во меѓувреме повторете ја постапката со второто тесто.

6.Првата кора поставете ја во намастена тепсија, распоредете го филот и одозгора поставете ја втората кора. Направете витки на краевите за да се затворат двете кори.

7.Потоа исечете ја. Одозгора премачкјате ја со жолчка помешана со малку масло или путер. Печете 35-40 минути во загреана рерна на 240 степени. Постапката погледнете ја ОВДЕ.