ВКУСНА ВЕЧЕРА ЗА 5 МИНУТИ…Пита-пица од леб, некогаш ја правам за појадок, а некогаш за ручек…Лесно, вкусно и брзо…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

! векна леб на парчиња
3 јајца
1 чаша јогурт или кисело млеко 200 мл
20-30 мл масло
1 лажичка сол
1 рака сечкан магдонос или копар (по вкус)
рендан кашкавал

ПОСТАПКА:

1.Во огноотпорен сад наредете ги парчињата леб, така да биде покриена целата површина.

2.Јајцата помешајте ги со јогуртот, маслото, солта и магдоносот, па смесата рамномерно сипете ја врз лепчињата.

3.Ставете да се пече 15 минути во претходно загреана рерна на 180 степени. Потоа посипете одозгора рендан кашкавал и вратете да се допече уште 15 минути. Постапката погледнете ја ОВДЕ.