Оваа феноменална пита ми ја покажа свекрва ми…Често ја правам, децата ја обожаваат затоа што ја виткам во триаголници…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (за месерење користи чаша од 180 г):

500 г готови кори за пита,
1 кисела павлака (180 г),
2+2 јајца,
1 чаша масло,
500 г сирење и сол по потреба

ПОСТАПКА:

1.Фил: помешајте го ситното сирење со две јајца и посолете по вкус.

2.Прелив за премачкување: помешајте ги двете јајца со маслото и киселата павлака.

3.Корите пресечете ги надолжно на половина и премачкјате ги преку цела површина со преливот. Преклопете ги надолжно за да добиете долга, тесна лента.

4.На едниот крај ставете фил од сирење, па преклопете за да добиете триаголник. продолжете го преклопувањето до крај.

5.Триаголниците редете ги во плех обложен со хартија, а врз секое ставете мало парче путерче или премачкјате ги со преостанатиот фил (и сирење ако останало).

6.Печете ги 10-15 минути во загреана рерна на 200 степени. Во продолжение прочитајте уште еден рецепт:

Ова е највкусната пита со спанаќ која се прави за 10 минути: „Јас се воодушевив, пробајте ја и вие“