ПОЛНА ТЕПСИЈА ПИТА СО СПАНАЌ, А САМО 5 ЛАЖИЦИ БРАШНО…Многу вкусно и брзо јадење…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

500 г исчистен спанаќ,
1 главица кромид,
1 црвена пиперка,
1 морков,

За прелив:
4 јајца,
2 лажички сол,
5 лажици млеко,
5 лажици масло,
1 лажичка црн пипер,
1 лажичка црвен пипер во прав,
5 лажици брашно,
1/2 кесичка прашок за печиво.

ПОСТАПКА:

1.Во еден сад измешајте ги ситно сечканиот кромид и пиперка, ренданиот морков и ситно сечканиот спанаќ.

2.Во друг сад измешајте ги сите наведени состојки за преливот, па сипете го во зеленчукот и промешајте.

3.Смесата сипете ја и распоредете ја во плех обложен со хартија и печете во загреана рерна на 180 степени, 30 минути.

4.Посипете одозгора рендан кашкавал и сусам по желба, па вратете во рерна да се допече уште 10-15 минути. Постапката погледнете ја ОВДЕ.