ПИТА СО МЕСО И КИСЕЛА ПАВЛАКА…Едноставно, со готови кори, убаво, вкусно, ги има сите препораки…Еве што е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (калап 30 см)
1 пакување кори околу 500 грама
750 грама мелено месо
1 мала главица црвен кромид
1/2 лажичка сол
1/2 лажичка вегета
1 лажичка црн пипер,
150 грама кисела павлака
Прелив:
3 јајца
150 грама кисела павлака
1/2 лажичка сол
сусам за посипување
ПОСТАПКА:
1.На две лажици масло испржете ситно сечкан кромид, па додајте го меленото месо и зачинете. Пржете додека месото да ја промени бојата и да испари вишокот течност.
2. Кога месото ќе се олади додајте 150 г кисела павлака и промешајте.
3.Отворете две кори и ставете ги една врз друга и секоја испрскајте ја со малку масло. на едниот крај ставете фил и свиткајте во ролат.
4.Ролатот свиткајте го во полжав и ставете го во средината од намастена тепсија. Постапката продолжете ја, а секој нареден ролат надоврзувајте го на претходниот.
5.За прелив измешајте ги сите наведени состојки и истурете го рамномерно врз питата. Одозгора посипете сусам и ставете да се пече во загреана рерна на 190 степени, 25-30 минути. Постапката погледнете ја ОВДЕ.