Од само 1 тиквичка…Совршена пита…Топ рецепт за брзо и многу вкусно јадење за појадок, ручек и вечера…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

1 тиквичка
250 г готови кори исечени на тенки ленти
1 лажичка сол
1-2 млади зелени кромитчиња, ситно сечкано
1-2 чешниња лук, ситно сечкано
2 јајца
50 мл млеко
200 мл течен јогурт
2 лажички сол (или по вкус)
1/2 кесичка прашок за печиво
сусам за посипување

ПОСТАПКА:

1.Тиквичката изрендајте ја, посолете ја и оставете да отстои 5-10 минути. Потоа истискајте ја од вишокот сок и додајте ситно сечкан кромид, лук, јајца, млеко, јогурт, сол и прашок за печиво, сечканите кори, па промешајте.

2.Целата смеса излејте ја во калап 26 см обложен со хартија за печење, одозгора посипете сусам и ставете да се пече во загреана рерна на 170-180 степени, 30-тина минути.

Постапката погледнете ја ОВДЕ.