ПОДОБРО ОД ПИЦА…Само изрендајте 3 свежи тиквички… Истиот рецепт со идентична постапка можете да приготвите со компири. Лесно, евтино и брзо…Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
3 тиквици (рецепт 1) или компири (рецепт 2)
1 главица кромид
3-4 лажици масло, 25 мл
1 морков
1 црвена пиперка
магдонос
За тесто:
3 јајца
1.5 чаша млеко, 300 мл
2 чаши брашно, 240 г
1.5 лажичка сол
1 лажичка црн пипер
150 г рендан чедар/кашкавал за посипување
ПОСТАПКА:
1.За рецепт 1: тиквичките изрендајте ги и посолете ги, па оставете ги да отстојат 15 минути.
За рецепт 2: компирите исечете ги на тенки ленти или изрендајте ги. Потопете ги во ладна вода и оставете ги да отстојат 15 минути.
2.Кромидот ситно исечкајте го и пропржете го на малку масло. Додајте рендан морков и продолжете со динстање, а потоа додајте и ситно сечкана црвена пиперка.
3.Истискајте ги тиквичките од сокот што го испуштиле. / (Процедете ги компирите од водата и истискајте ги низ раце). Додајте го динстаниот зеленчук и ситно сечканиот магдонос.
4.Во посебен сад изматете 3 јајца, додајте млеко, брашно, сол и црн пипер. Соединете во мазна смеса без грутчиња.
5.Сипете ја смесата во зеленчукот и промешајте. Плехот обложете го со хартија за печење, а одозгора премачкајте со малку масло.
6.Сипете ја смесата во подготвениот плех и распоредете рамномерно.
7.ПРВО ПЕЧЕЊЕ: Ставете да се пече во загреана рерна на 200 степени, 35 минути.
8.ВТОРО ПЕЧЕЊЕ: Посипете одозгора рендан каѓкавал и вратете да се допече уште 15 минути. Постапката погледнете ја ОВДЕ (со тиквички), ОВДЕ (со компири).
https://youtu.be/IwihxJo8t1Y?si=ypTakf7saSQ2ynj8