Рецепт за вкусна вечера подготвена за 5 минути…ако имате готови кори, направете ги овие вкусни питички…Лесно и брзо..Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (за 4 парчиња):

8 кори за пита
3 стебленца млад кромид ситно сечкани
магдонос ситно сечкан
50 г путер растопен
кашкавал листови (3х4)
шунка листови (3х4)
1 жолчка од јајце

ПОСТАПКА:

1.Намачкајте го листот кора за пита со стопен путер. Одозгора ставете уште еден лист кора за пита.

2.Направете два засеци во долниот и два засеци во горниот дел од кората за да може да се превиткува и дипли како за лиснато тесто.

3.На 3 места во средината на кората наредете шунка, кашкавал, ситно сечкан кромид и магдонос.

4.Здиплете ги корите најрво од долната страна, па од горната и на крај треба да добиете квадрат. Секоја нова површина премачкувајте ја со путер.

5.Питите наредете ги во плех обложен со хартија за печење, премачкајте ги со путер и со разматена жолчка. Ставете да се печат во загреана рерна на 180°C/356°F 20 минути. Постапката погледнете ја ОВДЕ.