МАРОКАНСКИ КРЦКАВИ КОЛАЧИ: Само што ги направив сите се изедоа, сега правам двојна доза…поубав колач без брашно, не сме јаделе! Додека се пече се шири неодолив мирис. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

250 г бадеми (мелени)
50 г шеќер
1 лажичка цимет во прав
1 лажичка какао во прав
8 г прашок за печиво (1 кесичка)
2 јајца
шеќер во прав за валање
ореви за декорација (опционално)

ПОСТАПКА:

1.Сомелете ги бадемите во блендер. Додајте го шеќерот и циметот, па уште малку вклучете го блендерот за поубаво да се изедначат и да се добие фино брашно.

2.Додајте го какаото и прашокот за печиво, па промешајте со лажица.

3.Додајте две јајца и замесете со рака. Треба да добиете фино, малку посуво тесто кое лесно се обликува.

4.Со намастени дланки обликувајте топчиња и веднаш ставајте ги во чинија со шеќер во прав. Малку протресете ја чинијата за да се истркалаат и обложат од сите страни.

5.Топчињата наредете ги во плех обложен со хартија за печење. Одозгора пристиснете јатка (половина орев), но ова можете и да го прескокнете.

6.Печете ги 15 минути во загреана рерна на 180 степени. оставете да се оладат, па послужете ги. Постапката погледнете ја ОВДЕ.