Земете 2 јаболка и направете ги овие меки КОЛАЧИ за 5 минути! Ќе ги снема од чинијата за 1 минута! Никогаш досега не сте пробале толку вкусни колачиња од јаболка! Запишете си го рецептот и направете ги, на сите ќе им се допаднат…Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ за 12 парчиња:
2 јаболка (или повеќе)
2 јајца
150 г шеќер
100 г мек путер
350 г брашно
3 лажички прашок за печиво
1 прстофат сол
шеќер во прав и цимет за посипување
ПОСТАПКА:
1. Јајцата пенасто изматете ги со шеќерот додека да добиете смеса како крем.
2. Додајте го омекнатиот путер и продолжете со матење со миксер уште една минута.
3. Во смесата низ сито сипете ја сувата мешавина од брашно, прашок за печиво и сол, па полека измешајте со лажица.
4. Јаболкате исечете ги на ситни коцки и додајте ги во тестото. Повторно измешајте сè и смесата е готова.
5. Обложете хартија за печење во плех од 35×45 cm.
6. На тавата се ставаат 2 лажици од тестото.
7. Со помош на две лажици црпете и обликувајте колачи (од оваа смеса излегуваат 12 големи колачи).
8. Печете ги во претходно загреана рерна на 180°C 25 минути.
9. Изладените колачиња посипете ги со шеќер во прав и цимет. Деталите од презентацијата можете да ги погледнете ОВДЕ.