Овие колаченца се толку многу убави и едноставни, што ќе ви биде жал ако не ги пробате…превкусни се! Посната верзија од овие колачи можете да ја прочитате подолу на линкот. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

300 грама обично брашно
300 грама мелени пржени лешници
200 грама шеќер
200 грама омекнат путер
1 кесичка прашок за пециво
1 јајце
120 грама Nutella (нутела, еурокрем или друг лешников крем…)

ПОСТАПКА:

Најпрво измешајте ги сите состојки за да добиете мазна смеса како тесто, а потоа обликувајте ја смесата во топка, покријте ја со пластична фолија и оставете ја во фрижидер околу еден час.

По еден час почнете полека да го месите тестото на набрашнета површина и поделете го на топчиња со големина на половина орев.

Наредете ги топчињата во плех обложен со хартија за печење, печете во рерна загреана на 150 степени 10 минути.

Кога малку ќе се оладат, залепете ги колачињата едно со друго користејќи нутела или некој друг лешников крем. За посните колачиња ќе ви биде потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

150 гр брашно, 150 гр мелени лешници, 110 гр маргарин или путер, 100 гр шеќер, 10 г ванилин шеќер (1 кесичка), прстофат сол.

За полнење или фил: 70 г чоколадо (посно, со висок процент на какао или по ваша желба)/ густ џем / лешников крем / намаз по желба

Постапката за посната верзија прочитајте ја ОВДЕ.