ДУШКО РАДОВИЌ ПРЕД 30 ГОДИНИ ЈА НАПИША НАЈДОБРАТА НОВОГОДИШНА ЧЕСТИТКА…Неговите зборови се прераскажуваат до ден денес…Со овие зборови на Душко Радовиќ сакаме да влезете во Новата 2024 година!

Душко Радовиќ напиша честитка која се прераскажува и испраќа повеќе од триесет години:

„Денес е првиот ден, почетокот.
Ви посакувам да не ве боли она што ве болело
а да ве сака она што не ве сакало.

Сакам вашите деца да бидат подобри од вас,
повеќе да се фалите вие со нив, отколку тие со вас.

Сакам нозете добро да ве служат, на нив да
поминувате поголем дел од новата година, за да имате повеќе
работа отколку време.

Посакувам да им бидете повеќе потребни на другите
отколку тие вам.

Да сакате и можете да направите повеќе отколку што ви треба, а сето што ќе ви биде вишок, да го поделите
со оние кои не можат како вас.

Не земајте многу повеќе отколку што давате.
Помислете малку на оние, на кои ќе им биде земено
она што вам ќе ви биде дадено.

Ви посакувам да добиете стан ако го немате или
да умеете да се радувате ако веќе го имате.

Она што го имате да не е помалку од
она што го немате.

Конечно, ви посакувам оваа година да биде посреќна со вас
отколку претходната!“