Чоколадни стапчиња…брзи, вкусни…не знаете за доста. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
1 јајце
100 г шеќер
240 г брашно
5 г прашок за печиво
90 г путер
400 г растопено чоколадо
ПОСТАПКА:
1. Во сад пенасто изматете ги јајцето и шеќерот додека да се раствори шеќерот и да се формира кремаста смеса. Просејте ги брашното и прашокот за печиво, додајте го путерот и месете додека да добиете меко, хомогено и компактно тесто.
2. Тестото завиткајте го во најлонска фолија и ставете го во фрижидер околу 40 минути да се стегне.
3. Откако ќе помине времето, исечете кратко парче тесто и направете долги валјаци со дебелина на прст, а потоа исечкајте го на стапчиња долги околу 8-10 см.
4. Ставете ги стапчињата во плех обложен со хартија за печење и печете ги во загреана рерна на 180°C/356°F околу 12 минути, колку малку да заруменат (во зависност од рерната).
5. Чоколадото растопете го и со помош на маша-штипалка целосно потопете ги стапчињата, едно по едно.
6. Ставете ги врз на хартија за печење и оставете да се оладат и стегнат целосно пред да ги послужите. Постапката погледнете ја ОВДЕ.