Лудо вкусна и убава салата „Невеста“! Добар апетит! Ви посакува Тања од нејзината кујна. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (калап 22 см):
2-3 варени компири
3-4 парчиња димено пилешко бело месо (може замена пилешка шунка)
5 жолчки
1 китка млад зелен кромид
160 г сирење или кашкавал
5 белки
сол/зачини по вкус
мајонез/кисела павлака по вкус
ПОСТАПКА:
Обрачот од калап поставете го врз плитка десертна чинија. На дното изрендајте го варениот компир и добро притиснете за да се изедначи рамномерно. Посолете и зачинете.
Премачкјате тенок слој мајонез, а врз него наредете рендано/ситно сечкано варено или димено бело месо/шунка, а врз него повторно нанесете тенок слој мајонез.
Од варените јајца одвојте ги белките од жолчките. Изрендајте ги жолчките, а врз нив изрендајте сирење, распоредете, па повторно премачкјате тенок слој мајонез.
Како следен слој ставете ситно сечкани зелени перца од млад кромид, а врз него рендан кашкавал и тенок слој мајонез.
Како последен слој изрендајте ги белките и нежно притиснете со виљушката.
Пред послужување изладете ја салатата неколку часа во фрижидер. Видеопрезентацијата на Тања погледнете ја ОВДЕ.