„Овој природен напиток е многу ефикасен и се применува веднаш штом ги забележите првите симптомите на настинка. Се приготвува без готвење и многу брзо се прави! Многу успешно ја ублажува кашлицата и по потреба се повторува.

Во секој случај, во моето семејство овој напиток се приготвува уште многу одамна. Штом ќе почне кашлицата земаме малку и се подобрува по половина час“, раскажа Кети во својата презентација.

Елица Замфирова го испроба рецептот и искоментира: „Ви благодарам многу! Го испробав рецептот и мене ми помогна. Одличен е!“, а и многу други корисници на каналот ги потврдија ефектите на напитокот.

Секако, во зависност од вашето здравје, секогаш имајте го во предвид советот од вашиот лекар. Ова не го заменува третманот! Напитокот е само за убажување на тегобите и помош во лекувањето. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

1 лажица сиров, непастеризиран мед
1 лажица јаболков оцет
сок од 1/2 лимон
1/4 лажичка мелен цимет
1 прстофат мелено каранфилче
150 мл топла вода

ПОСТАПКА:

Сите состојки добро измешајте ги додека да се растворат во топлата вода. Се пие една чаша дневно, во текот на три дена. најдобро е да се подели количината, половина да се испие наутро, а остатокот навечер.

Медот има антидепресивно и антианксиозно дејство, богат со антиоксиданси, антибактериски и антимикробен, се бори против вируси.

Јаболковиот оцет ја ублажува конгестија и исто така има антимикробно дејство. најдобар е органскиот оцет со маја (мајка) за оние со чувствителни стомаци.

Лимонот ги ублажува болките во грлото, богат е со витамин Ц, помага за зајакнување на имунитетот. Циметот има моќни антибактериски, антивирусни, аналгетски и антиинфламаторни својства.

Каранфилчето има исти/слични придобивки како и циметот. Видеопрезентацијата погледнете ја ОВДЕ.