БРЗИ ПИТИ (бурек) со месо…На најлесниот можен начин, ова е рецепт за почетници…Тестото се замесува од вода, млеко и брашно, па дури и не мора нешто премногу да се меси, само колку да стане тестото компактно.

Понатаму постапката е многу едноставна и интересна, а крајниот резултат ќе ве воодушеви. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 250 мл вода, 250 мл млеко, 1 мала лажичка сол, 800 г брашно, 1 лажичка прашок за печиво. За фил: 3 главици кромид, 400 г мелено месо, сол и зачини по вкус.

И уште: 150 г путер за премачкување на тестото, 1 жолчка + 1 лажица млеко за премачкување на питите. Се печат 35-40 минути на 180 степени

ПОСТАПКА: Во подлабок сад измешајте ги водата и млекото, додајте сол, прашок за печиво и брашно на неколку наврати. Замесете средно меко и еластично тесто. Треба добро да го изработите 5-8 минути, а потоа поделете го на 4 дела и обликувајте топчиња.

Покријте го да не се суши и оставете да одмори 10 минути. За тоа време пригответе го филот: во подлабок сад измешајте ги сечканиот кромид и месото, зачинете и убаво измесете со рака. Филот поделете го на 4 дела.

Потоа земете едно топче тесто и на малку набрашнета работна површина развлечете го колку можете потенко во голема долгнавеста кора. Одозгора премачкјате ја со четвртина од растопениот путер и распоредете четвртина фил.

Свиткајте ја кората во ролат, а потоа нежно обликувајте полжав. Постапката повторете ја со останатите теста, а обликуваните „полжави“ завиткувајте ги во кеса и оставете ги да одморат 20 минути, најдобро на ладно или во фрижидер.

По изминатото време зете го првообликуваниот „полжав“ на на малку набрашнета работна површина и развлечете го со рака или оглагија за да намали малку во дебелина и да се добие потенка пита.

Редете ги во плех обложен со хартија (печете ги две по две). Питите премачкјате ги одозгора со жолчка и печете ги 35-40 минути во загреана рерна на 180 степени. Видеопрезентацијата погледнете ја ОВДЕ.

За повеќе рецепти заследете ја NMD.mk, лајкнете ја и споделете ја нашата страница. Следно прочитајте: „Сочна пита со мелено месо и готови кори, брза и многу вкусна, а тајната е во преливот…“ –ОВДЕ.

Сочна пита со мелено месо и готови кори, брза и многу вкусна, а тајната е во преливот…