Сочна пита со мелено месо и готови кори, брза и многу вкусна, а тајната е во преливот…Кога ја правам сите дома се многу радосни и бараат што почесто да ја правам. Никогаш не ни останало за следниот ден, толку многу е вкусна. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 350 г мелено месо, 2-3 големи главици кромид, 1 лажичка сув зеленчуков зачин или само сол, црн пипер, масло за пржење, 500 г тенки кори. За прелив: 200 мл газирана вода, 200 мл јогурт, 50 мл масло, 4 јајца, по желба малку прашок за печиво

ПОСТАПКА: Кромидот ситно исечкајте го и испржете го, па додајте го месото и динстајте 10-тина минути со повремено промешување, додека да ја смени бојата и да испари телчноста. Додајте зачини или само сол, малку црн пипер и уште малку пропржете, па тргнете го од оган.

Во посебен сад сипете газирана вода, јогурт, масло, по желба прашок за печиво (според оригиналниот рецепт не се става) и сè измешајте рамномерно. Јајцата пенасто изматете ги малку со миксер.

Поделете ги корите на три дела, јас имав на три места по 7 кори, а филот на два дела. Намастете еден нелеплив плех, па наредете згужвано 7 тенки кори една врз друга, па ставете половина од месото. Потоа наредете повторно 7 кори, па фил и завршете со кори.

Последната најгорна кора убаво спакувајте ја и потпикнете ја кон рабовите на тепсијата. Исечете ја питата на коцки со и прелијте ја со мешавината од јогурт и газирана вода. Протресете го плехот да се спушти меѓу корите, па прелијте одозгора со изматените јајца.

Повторно подигнете ги малку корите од коцките за полесно да впие и насекаде да навлезе. Испрскајте со малку масло и печете во загреана рерна на 220 степени 10 минути, намалете на 180 степени околу еден час вкупно. Вкусот е неопислив. Уживајте.

Видеопрезентацијата погледнете ја ОВДЕ. За повеќе рецепти заследете ја NMD.mk, лајкнете ја и споделете ја нашата страница. Следно прочитајте: „МОРА ДА ЈА ПРОБАТЕ: „Не можам да ви опишам колку сите беа воодушевени од оваа пита – љубов на прв залак“ – ОВДЕ.

МОРА ДА ЈА ПРОБАТЕ: „Не можам да ви опишам колку сите беа воодушевени од оваа пита – љубов на прв залак“