Home Десерти БРЗ КОЛАЧ „Лажна Унгарка“ готов за 20 минути…Еден од највкусните брзи колачи...

БРЗ КОЛАЧ „Лажна Унгарка“ готов за 20 минути…Еден од највкусните брзи колачи за секој ден!

Достојна замена на вистинскиот колач кој се нарекува „Унгарка“ – царица на домашните колачи… Ова е една брза верзија, а колачот е превкусен и прелесен за подготовка. Еве што ви е потребно според рецептот на Валентина:

Потребни состојки:

800 мл вода
5 лажици шеќер
200 г чоколадо за готвење
1 маргарин/путер (250 г)
1 кг бисквити (спорт кекси)

За глазура:

500 мл слатка павлака за шлаг
200 г чоколадо за готвење

Постапка:

Сите наведени состојки ставете ги во тенџере на шпорет и оставете да зоврие, па кога сето ќе се растопи и изедначи, тргнете го тенџерето настрана. Истурете ги внатре бисквитите и со лажица промешајте ги (цели) да ја впијат течноста.

Ако користите обични петит или други бисквити, искршете ги со рака. Смесата излејте ја во калап (30х40 см) израмнете и одозгора прелијте со чоколадна глазура по ваш избор или ганаш.

За глазура: слатката павлака на загрејте ја на ниска температура, не смее да зоврие, па во неа растопете го чоколадото и прелијте преку колачот. Оставете на собна темпеартура глазурата да се стегне, па дури потоа потоа изладете во фрижидер.

Валентина / сoolinarika.сom