За претстојните слави или некоја друга свечена пригода можете да ја направите оваа свечена салата од пилешко, компир и јајца. Многу е вкусна, дури и повкусна од мимоза и pуската заедно, а како предјадење ќе ја збогати секоја трпеза.




Оваа година пригответе нешто ново и изненадете ги вашите гости. Се послужува во рамна десертна чинија и се сече како торта, па сите се воодушевени како од вкусот, така и од изгледот, зашто секој слој е различен. Запишете си го рецептот, еве што ви е потребно:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 3 јајца, 3 компири, 1 морков, 1 главица кромид, 20 мл оцет, 2-3 кисели краставички, 3-4 маслинки, 250 мл димено бело месо (може и обично), 200 г димено сирење (може и обично), магдонос, зрна од калинка, мајонез по вкус




ПОСТАПКА: Кромидот исечкајте го на ситни коцкички и ставете го во еден подлабок сад. Посолете го со една супена лажица, а потоа прелијте го со оцетот и водата. Вода треба да има колку да биде целосно потопен, но не премногу. Оставете го настрана да се маринирира 15-тина минути (ова кромидот го прави многу повкусен и покрцкав, па може да го применувате и за други салати кои содржат кромид).




Сварете ги компирот, морковот и јајцата. Кисечите краставички исечкајте ги на ситни коцкички, а маслинките на тркалца. Оние поубавите тркалца тргнете ги настрана за да ги искористите подоцна за декорацијата.




Белото димено месо исто така исечкјате го на ситни коцкички. Навистина се добива преубав вкус со овој тип на месо во комбинација со димениот кашкавал, но ако во моментот не ви се наоѓаат при рака, искористете бела шунка или сувомеснато по ваш избор, па дури може и бело сварено месо, како и кашкавал по ваш избор.




Врз широка десертна тацна поставете флексибилен обрач за торти, па како прв слој изрендајте го компирот со крупната страна од рендето. Израмнете, посолете и запиперете, па одозгора премачкјате со тенок слој мајонез. Кромидот исцедете го преку цедалка, па распоредете го одозгора.




Следниот слој е дименото бело месо, кое исто така, откако ќе се распореди треба да се премачкја со тенок слој мајонез. Распоредете ги киселите краставички со маслинките, па изрендајте го морковот од поситната страна на рендето, посолете и премачкајте мајонез.

Одозгора изрендајте го димениот кашкавал, премачкјате го и овој слој со мајонез, а потоа изрендајте ги јајцата. Покријте со проѕирна-стреч фолија и оставете во фрижидер да се стегне најмалку 4 часа или преку цела ноќ. Следниот ден отстранете го обрачот и декорирајте со свеж, зелен магдонос, маслинки и зрна од калинка. Деталите погледнете ги ОВДЕ.