14 години пред смртта на вашето тело ќе му се случат драстични промени кои не смеете да ги игнорирате

Кај народот постои една анегдота која вели дека животните знаат кога ќе умрат па затоа Бог им ја одзел моќта да говорат. И навистина, животните обично ги претчувствуваат опасностите и смртта која наближува.

Ние не сме многу поразлични од нашите љубимци во тој поглед, само што не обраќаме доволно внимание на знаците кои ги испраќа нашето тело, па затоа обично дознаваме за страшната болест веќе кога е доцна за било што да се направи.

Нашето тело се служи со различни сигнали за да ни покаже уште колку време ни останува до смртта.

Доколку забележите одредени промени на кои вашиот крвен притисок ви укажува, ќе знаете уште колку години ве делат од смртта.

Научниците дошле до сознание дека крвниот притисок во подоцнежни години започнува да опаѓа околу 14 години пред да настапи смртта.

Тие дошле до овој заклучок откако ја анализирале здравствената состојба на 46.634 Британци кои умреле во 60.година од животот и подоцна.

Истражувањето опфатило луѓе кои биле здрави, но и такви на кои им била дијагностицирана деменција и болест на срцето.

Крвниот притисок најмногу опаѓал кај пациенти заболени од деменција, застој на срцето, губиток на тежината во подоцнежни години и кај оние кои имале висок крвен притисок.

Долгорочен пад на притисокот е забележано и кај пациенти без било која од наведените дијагнози.

-Нашето истражување фрла светло врз значењето од редовно следење на состојбата кај постари лица.

Би бил многу вознемирен доколку некој ја протолкува нашата работа како мотив за нелекување на хипертензијата во подоцнежните години – изјавил авторот на истражуавњето Џорџ Кушел.

Тој додава и дека докторите и истражувачите мора да обратат внимание на тоа што всушност значи падот на притисокот кај постарите лица.

Иако постојат уште неколку знаци кои укажуваат на блиска смрт и се јавуваат само неколку години пред таа да настапи, крвниот притисок и промените карактеристични за него се највоочливи сигнали.

Најголема причина е таа што е мерлив, редовно го мерат и следат лекарите, но и самите пациенти – пишува International Business Times.

Според зборовите на истражувачите, оваа област треба уште да се следи и истражува.

Loading...