За Лавовите се зборува и пишува многу. И сите најчесто се фокусираат на фактот дека
Лавовите имаат јако его или дека сакаат да бидат центар на внимание, па затоа и луѓето со скептицизамреагираат кога ќе чујат дека некој е лав.
Но, има и една друга страна кај Лавовите, страна која прави да бидете среќни и благодарни што ги имате воживотот. Денес се осврнуваме на позитивните и убавите страни кај Лавот, заради кои тие се толку посакуванодруштво.
Тие се исклучително лојални
Ако Лавот ве почитува на каков било начин, без разлика дали е тоа како пријател, роднина, животен сопатник,познаник, колега, тогаш ќе знаете.
Со сигурност. Тие нема да глумат дека ве почитуваат, но ако навистина мислат дека сте личност која вреди дабиде во нивниот живот, тогаш ќе бидат лојални до крај.
Ако имате Лав во животот, сигурно знаете дека секогаш можете да се потпрете на нив и дека никогаш нема даве изневерат или да ви забијат нож во грб. Тие ќе стојат покрај вас дури и кога другите ќе ве напуштат.
На што треба да внимавате, што бараат за возврат лавовите? Зпшто би ве оставиле?
Тие се амбициозни
Лавовите го сакаат животот и се многу страствени. И кога ќе започнат нешто, сакаат да бидат најдобри во тоашто го прават.
Покрај тоа што се страствени, имаат и големо его, па затоа оваа комбинација на страст и его прави да бидеречиси невозможно да се откажат од тоа што го започнале или не дај Боже да си дозволат да бидатподпросечни.
Секогаш, ама секогаш го даваат најдоброто од себе, но за возврат го бараат најдоброто и од другите и никогашне се задоволуваат со медиокритет.
И затоа речиси секогаш го добиваат тоа што го сакаат.
Тие се забавни
Со нив никогаш не е здодевно. Тие ја мразат монотонијата и рутината, па затоа и постојано изнаоѓаат начиникако да си го направат животот интересен.
Тие се гушат кога постојано го прават истото и тоа на истиот начин, па со нив и чистењето по дома, па иодењето на кафе е интересен настан кој не сакате да го пропуштите.
Дали се ЛАВОВИТЕ искрени, дали лажат?
Тие се брутално искрени
Луѓето секогаш велат дека ја сакаат вистината, а се лутат кога ќе им ја кажете.
Лавовите не се грижат многу за тоа, бидејќи за нив единствен начин да се чекори низ животот е прекуискреност.
Нивната искреност за вашата ужасна фризура или катастрофална модна комбинација можеби ќе ве навреди,но на крајот од денот секогаш ќе бидете благодарни што имате личност којашто ве почитува со тоа што ви јакажува вистината.
Точно е дека понекогаш кажуваат работи и без да ги промислат, но никогаш не се злонамерни. И затоа нивнатаискреност е освежувачка. Иако можеби ќе ви треба време да се навикнете.
Тие секогаш го гледаат животот од неговата посветла страна
Никој не може да ви го разведри животот како Лавовите, особено кога проаѓате низ лош период.
Тие едноставно зрачат со позитивна енергија, цврстина, љубов и оптимизам. Главното мото во нивниот живот е: „Животот нема реприза“, па така и го живеат животот.
Нивните енергија и оптимизам се толку заразни што невозможно е да не ве извлече од тажното расположение.Да, понекогаш се малку себични, но тие секогаш ќе ви подадат рака кога сте на земја.