Подуеноста на стомакот може да биде акутна или хронична состојба и иако како таква не е болест, сепак може да укажува на некакви неправилности во функционирањето на системите или да биде симптом на некоја примарна или секундарна болест.
Се манифестира како непријатно чувство на притисок во пределот на стомакот, после јадење храна се јавува надуеност, стомакот станува тврд и може да настане болка. Состојбата е многу неугодна и предизвикува проблеми, како физички, така и психолошки.
Исто така, треба да се знае дека надуеноста не мора да значи дека мора да е поврзана исклучиво со внесувањето на одредени видови храна, туку и со функционалноста на одредени гастроинтестинални органи (проблеми со дебелото црево, панкреасот, жолчното кесе, нарушена pH вредност во желудникот), стрес и нетолеранција на одредени храна (глутен, млечни производи, фруктоза и слично).
МЛЕКО. Првиот чекор кој најчесто се презема во вакви ситуации, е да се исклучат одредени намирници и начинот на подготовка (длабоко пржење, лиснато тесто, газирани сокови, грицки, слатки).
Доколку ова не ви го реши проблемот, вториот чекор е проверка за нетолеранција на храна: направете план за исхрана врз основа на добиените резултати. Во денешно време луѓето најчесто се нетолерантни на глутен и лактоза, па соодветно, започнете да исфрлате група производи кои ги содржат овие состојки.
Ако се сомневате на интолеранција на лактоза, во тој случај исфрлете ги сите млечни производи од исхраната, па дури ако се содржат и во трагови. Ако проблемот се решил сам по себе, а се врати повторно ако ги воведете млечните производи во вашата исхрана, тогаш со сигурност ќе се уверите во причината за вашииот проблем.
На ист начин постапете и за проверка на глутенот или некоја друга состојка за која се сомневате дека е причинител за подуеноста на вашиот стомак. Одлични помагачи во борбата против надуеноста се билните чаеви и хидролати. Чаевите кои се користат против надуеност се нане, камилица, глуварче, пченкарна свила и хидролати од смирна и коприва.
Може и да не сте свесни, а да ја имате бактеријата хеликобактер пилори, спирална бактерија која го зафаќа дигестивниот систем, а која може да предизвика разни заболувања. За среќа, болестите предизвикани од оваа бактерија може да се излечат со соодветен третман, како и со правилна исхрана.
Овојпат ви откриваме рецепт за најдобриот домашен напиток со кој брзо ќе ја елиминирате стомачната подуеност. Во продолжение можете да ја прочитате еднодневната диета и 4 важни совети како без вежбање до рамен стомак – ОВДЕ. Хеликобактеријата може да предизвика многу непријатност па затоа е важно навреме да се лекува и советување со лекар.
Оваа бактерија бара долг и тежок третман за целосно да се искорени. Многу често, хеликобактеријата станува резистентна на антибиотиците, па во тој случај можеби треба да се насочите кон други природни третмани, за кои сведоштвата кажуваат дека се најлековити, секако, со претходна консултација на вашиот лекар.
Околу 80% од инфекциите со хеликобактер се асимптоматски, односно болниот нема некои посебни симптоми. Агресивноста на бактеријата и осетливоста на домаќинот се одговорни дали пациентот ќе нема симптоми и ќе помине со воспаление на слузокожата – гастритис или пак, ќе дојде до создавање чир на желудникот, па дури и pак. Најдобар лек за бактерија во желудник, но и за хемороиди и цревни заболувања – прочитајте ОВДЕ.
Гастритисот честопати е причинет од хеликобактеријата која во поголеми концентрации може да ја оштети слузокожата на желудникот. Се препорачува да се намали употребата на сол која може да ја влоши оваа состојба. За да се смири воспалението на слузокожата на желудникот и да се подобри отпорноста кон инфекциите потребно е редовно да се пие сок од морков. Рецептот прочитајте го ОВДЕ.
Искуство од Зорица: Лек против хеликобактеријата. Потребни состојки: 300 г листови од чувар куќа, 2 лажици мед (опционално). Постапка: Листовите од чувар куќа се сомелуваат или се сечкаат што е можно поситно. Текстот продолжува ОВДЕ.
Природни лекови кои го смируваат желудникот:
1.Чај од нане и етерично масло од мента за масажа на абдоменот
2.Чај од ким (200 мл зовриена вода, по прстофат мелен ким и ѓумбир во прав, неколку зрнца морска сол и 1/2 лажичка анасон. По 5 минути се процедува, се пие 1 дневно)
3.Сода бикарбона (1.2 лажичка во чаша млака вода, за смирување на ждригавица/„киселини“)
4.Суви смокви (40 суви смокви во тегла со маслиново масло, после 40 дена се јаде по една, пред секој оброк)
5.Чај од камилица (во 250 мл врела вода ставете еден грст свеж цвет од камилица, по 5 минути процедете и пијте мах 2 чаши дневно)