Може и да не сте свесни, а да ја имате бактеријата хеликобактер пилори, спирална бактерија која го зафаќа дигестивниот систем, а која може да предизвика разни заболувања. За среќа, болестите предизвикани од оваа бактерија може да се излечат со соодветен третман, како и со правилна исхрана.

Овојпат ви откриваме рецепт за најдобриот домашен напиток со кој брзо ќе ја елиминирате стомачната подуеност. Во продолжение можете да ја прочитате еднодневната диета и 4 важни совети како без вежбање до рамен стомак.

Домашен напиток против стомачна подуеност

Потребни состојки: 1 лимон, 1 краставица, 1 супена лажица сок од алое вера, 1 страк магдонос и половина чаша вода

Постапка: подготовката на овој домашен напиток е многу лесна. Едноставно додајте ги сите состојки во блендер и добро измешајте ги. Чудесниот еликсир консумирајте го на празен стомак, а 1 чаша е сосема доволна за еден ден. Доколку сакате да добиете помоќен ефект, може да испиете уште 1 чаша меѓу оброците.

Ова домашно средство е исклучително корисно и лековито за организамот, поточно за дигестивниот систем. Го стимулира метаболизамот и ги согорува масните наслаги додека спиете.

ЕДНОДНЕВНА ДИЕТА ЗА ЕДЕН ДЕН

Освен што ќе имате потполно рамен стомак за само 24 часа, овој метод ќе ве исчисти од сите ток-сини. Ако наскоро ве очекува некоја забава, настан или венчавка, а треба го облечете својот омилен фустан, масните наслаги се нешто најлошото што може да ви се случи.

Исто така, убавиот изглед може да го наруши подуениот стомак, кој често знае да се оцрта ако облечете нешто тесно. За ваква пригода идеална е таканаречената вонредна диета, која уште се нарекува и ИТНА.

ПРОТОКОЛ НА МЕТОДОТ ЗА 24 ЧАСА. Во 8 часот: Испијте млака вода со лимонов сок. Во 10 часот: Испијте чаша вода со сок од портокал или сок од јаболко. Во 12 часот: Испијте шолја топол зелен чај.

Во 13 часот: Испијте чаша ладна вода со сок од морков (50:50). Во 15 часот: Испијте шолја чај по ваш избор. Во 17 часот: Испијте чаша природен сок по ваш избор. Во 19 часот: Испијте шолја топол зелен чај.

Во 21 часот: Испијте чаша вода со сок од еден цитрон. Во 22 часот: Завршете го денот на ист начин како што го започнавте, со чаша млака вода и сок од еден лимон. Напомена: Многу е важно да не додавате никакви вештачки засладувачи или некоја друга состојка во своите чаеви или сокови.

Оваа диета се препорачува само за 24 часа, по што доаѓа до нагло топење на масните наслаги и празнење на цревата. Целосно ќе се исчистите од сите ток-сини, а за возврат ќе се чувствувате полни со енергија и среќа.

Четири докажани совети за рамен стомак (без вежбање)

Протеин за појадок

Протеинската храна го снабдува организмот со енергија и создава чувство на ситост што трае цел ден. Исто така, го забрзува метаболизмот, што значи дека телото согорува повеќе масти, дури и без вежбање. За појадок можете да јадете: јајца, овесна каша, јаткасти плодови, сирење.

Вода: пред или после јадење?

Експертите советуваат пиење вода пред или после јадење, но не и за време на оброците. Ова е затоа што водата го забавува варењето, особено кога јадете храна како на пример: компири, ориз или леб.

Но, постои и друга причина зошто се препорачува да се пие вода пред јадење, бидејќи истражувањата покажуваат дека тоа создава чувство на ситост, а тоа пак резултира со внес на помала количина храна.

Чаша чај

Омилен ритуал на релаксација може да помогне и во мисијата на рамен стомак. Додајте антиоксиданти како на пример: ѓумбир, нане или јаболко во зелениот чај и уживајте во една чаша наутро, друга попладне и трета пред спиење.

Зелениот чај содржи катехини, моќни антиоксиданти кои можат да го активираат нашиот метаболизам. Исто така, неговата потрошувачка полесно создава ситост, како резултат на што трошиме помалку калории. Кендал Џенер изјавила дека пие 12 шолји чај на ден.

Јадете свесно

Потребата да се успори темпото на живеење се однесува и на храната. Експертите сугерираат наместо да јадете набрзина пред вашиот компјутер, обидете се да ја џвакате храната најмалку десет пати пред да го голтнете секој залак. Ова го олеснува процесот на варење.