Ако и вие спаѓате во групата која страда од сало на стомакот, тогаш знаете колку е тешко да се намали истото токму од овој предел. Дури и ако сте на диета и редовно се занимавате со физичка активност, постои можност „салото“ да остане.

д-р Мајл Мозли

Прославениот автор и експерт д-р Мозли често пишува за најголемиот здравствен проблем на нашето време и како може истиот да се реши за само неколку недели, преку иновативниот пристап и револуционерните методи што ги нуди во своите книги.

„Милиони луѓе имаат висок шеќер во крвта – а многумина од нас дури и не го знаат тоа. Можеби сте често жедни или мора често да мокрите. Можеби вашите гребаници бавно заздравуваат или сте невообичаено уморни. Или, поверојатно, немате никакви симптоми. А сепак, високиот шеќер во крвта е многу лоша вест.

Се зголемува со возраста, доведува до дијабетес тип 2 и го зголемува ризикот од срцеви заболувања и мозочен удар“, вели тој во својата книга за дијабетес. Тој зборува за епидемијата на дијабетес тип 2 која се шири низ светот во последните години.

Исто така, зборува за подмолното зголемување на шеќерот во крвта што му претходи на дијабетес тип 2 – состојба која исто така се нарекува преддијабетес. Според докторот, тоа е повик за будење и предупредување.

Д-р Мајкл Мозли, експерт за исхрана и слабеење, објасни како најлесно да ослабете во пределот на стомакот.

„За да го намалите салото на стомакот, треба да го разберете, а за да го разберете, треба да сфатите како функционира инсулинот. Телото произведува инсулин за да го регулира нивото на шеќер во крвта после јадење.

На клеточните ѕидови, инсулинот отвора „премин“ за гликоза, која потоа се консумира во мускулите или се складира во маснотии. Во масното ткиво, инсулинот го спречува ослободувањето на масни киселини, кои се извор на енергија, во телото. И сето тоа е во ред, се додека инсулинот функционира правилно“,објасни тој.

„Но, како што старееме, нашите рецептори за инсулин што се наоѓаат во нашите клеточни ѕидови стануваат помалку чувствителни. Затоа, после оброк, во крвта има повеќе гликоза и масни киселини од вообичаено. Станува збор за токсична смеса која доведува до бројни проблеми во организмот, а еден од нив е таложење маснотии“, вели докторот.

„Единствениот начин да се ослободите од досадното сало на стомакот е да го прекинете маѓепсаниот круг на скокови на шеќерот во крвта. Изненадувачки број на наводни диететски производи всушност содржат висок процент на скриен шеќер, но на производителите им е дозволено да ги нарекуваат диетални бидејќи се со малку маснотии.

Бројни студии потврдија дека кога ги елиминираме јаглехидратите кои предизвикуваат ненадејни скокови на шеќер, чувството на глад се намалува, а потоа започнува слабеењето. Ограничете го внесот на храна и пијалаци што содржат шеќер, повеќе од пет проценти од вкупната тежина на производот, на само два пати неделно и држете се до тоа“, рече тој.

Фото: Pexels

Освен исфрлањето на јаглехидратите во процесот на отстранување на маснотиите од стомакот, во голема мера ќе ви помогне и напитокот од грејпфрут. Неколку студии докажаа дека ова овошје најбрзо ги топи мастите. Еве како да го направите:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 1 чаша свеж сок од грејпфрут 1 лажичка мед 2 лажички јаболков оцет. Подготовка: Измешајте ги сите состојки и веднаш испијте го напитокот.

Изобилството на хранливи материи, витамини А и Ц, овошни шеќери, како и минералите калциум, калиум и фосфор го прават грејпфрутот најмоќниот цитрус за разбивање на масните наслаги. Има и флавоноиди, кои имаат антиоксидативно дејство, намалувајќи го нивото на слободните радикали. Поволно делува на метаболизмот, но и го намалува нивото на инсулин.

Д-р Мајкл Мозли неодамна откри и план за исхрана кој може да помогне да се намалат од 5 до 10 килограми за три недели. „Покрај брзото слабеење, никогаш нема да почувствувате глад“, е мотото на оваа книга. Диетата наречена „Fast-800“ за кратко време стана вистински хит.

Со овој тип на исхрана потребно е секојдневно да се внесуваат 800 калории, но важно е да се води сметка за видот на храната. Докторот за Дејли Меил изјави: „Држете се до планот и за три недели ќе забележите драстична разлика“.

Покрај ограничувањето на калориите, треба да следите уште неколку правила. Видот на храната што ќе ја изберете е исклучително важен“.

Течност. Дали знаевте дека многумина од нас се во постојана состојба на дехидрација, целосно несвесни за здравствените ризици што таа ги носи? Ако не внесувате доволно вода во телото, ќе станете побавни, летаргични, а чувството на глад ќе се појавува почесто. Доволно внесување течности ќе помогне да се задржи чувството на ситост во текот на подолг период.

Масти. Досега ни велеа дека ако сакаме да ослабеме, треба да се држиме подалеку од маснотиите, а како одговор на тоа прехранбената индустрија понуди разновидна диетална храна. Сепак, стапките на дебелина продолжуваат да растат.

Факт е дека добрите масти не се непријател на исхраната. Богатите моно-масти го потиснуваат апетитот, забавувајќи ја брзината на празнење на желудникот. За да останете сити подолго, изберете маслиново масло, јаткасти плодови, масна риба и умерени количини на млечни производи.

Влакна. Вашите црева ќе работат како часовник ако консумирате доволно влакна. Освен што помагаат за зачувување на функцијата на цревата, тие влијаат и на подобро расположение. Дополнително, влакната ослободуваат хемикалија наречена „PII“ која го потиснува апетитот.

За да избегнете глад, погрижете се вашите оброци да бидат богати со свеж зеленчук, интегрални житарици и мешунки. Повеќе на оваа тема можете да го слушнете докторот ОВДЕ.