Прво, да почнеме од основите. Она што повеќето од нас го нарекуваме вагина се однесува на вулвата, или надворешниот дел од женските генитални органи, кои го вклучуваат клиторисот, срамните усни и вагиналниот отвор.
Вагината е само дел од овој “пакет”, односно каналот кој води од вулвата до грлото на матката. Внатрешните “срамни усни” го опкружуваат отворот на вагината, а надворешните ги опкружуваат внатрешните.
Големина на срамните усни варира во голема мера, и многу жени се загрижени за своите. Се прашуваат дали тие се премногу големи или премногу мали.
За ова нема потреба, и можете да бидете речиси целосно убедени дека тие се во ред. Сепак, овој страв се должи на новите трендови, а главно произлегува од порно филмовите.
Во денешно време, постои “Лобопластика”, интервенција која може да го промени изгледот на “срамните усни”, а исто така, голем замав зема и избелувањето на гениталиите, иако за такво нешто, нема никаква потреба.
Која е нормалната големина на вагината?
Се разбира дека не постои “нормална” големина на срамните усни. Најчесто надворешните усни се поголеми и подебели од внатрешните, но кога и не е така, нема причини за загриженост.
Некогаш во литературата пишуваше дека совршена големина на внатрешните усни треба да изнесува 4 сантиметри и тоа кога се мери од основата до крајот.
Новите испитувања покажаа дека кај многу жени тие се многу поголеми и дури не мора да бидат ниту симетрични. Сосема нормално е едната усна да биде поголема од другата.
Исто така, кај некои жени, внатрешните усни знаат да бидат вовлечени, додека кај други испакнати. Во двата случаи, тие ја вршат истата функција, овозможуваат сексуална стимулација и штитат од бактерии.
Што се однесува до бојата, иако порно индустријата сугерира дека тие треба да бидат светли, во стварноста нијансата е од светло розова, па до темна, а во некои случаи и црна.
Мит е и дека светлите жени имаат розови усни – може, но и не мора да значи.
Значи, сè дури усните не ве чешаат, не ве болат, немаат оток, немате апсолутна никаква причина да се грижите. А особено немате причина да се срамите од сопствените гениталии!