Во соседна Србија од Секторот за екологија и заштита за унапредување на животната средина се огласија со совет до граѓаните да бидат двојно внимателни отколку порано, поради детектираниот Западнонилски вирус во заловените комарци од територијата на градот Белград.

„Ги молиме граѓаните да се однесуваат одговорно, задолжително да носат репеленти, мрежи против комарци и да одбегнуваат престој на отворено во текот на периодот на најголемата активност на овие инсекти, што е во термин од 19 до 24 часот“, се наведува во соопштението на ова комунално претпријатие.

Како што велат, појавата на Западнонилскиот вирус била очекувана, па затоа навремено ги презеле сите неопходни мерки за мониторинг. Исто така, тие апелираат до граѓаните будно да ги следат следните симптоми:

„За жал нашите сомнежи се остварија и затоа апелирам до граѓаните да бидат внимателни и да не ги игнорираат симптомите, како и навремено да се јават на лекар доколку се појават:

-покачена телесна температура, главоболка, малаксаност на телото или осип во пределот на градниот кош“, изјави директорот на КЈП, „Градска чисточа“, Марко Попадиќ.

Минатата година нашиот најпознат епидемиолог проф.д-р Драган Даниловски апелираше за опас-ностите на тигрестиот комарец кој инвадираше и на нашата територија. Според д-р Даниловски овој комарец се разликува од нашите домашни комарци не само по јачината на убо-дот, туку и по брзината со која тој се раз-множува и шири, како и по неговата агре-сивност.

Имено, нашите комарци на кои сме навикнати, напа-ѓаат во раните вечерни и утрински часови, а тигрестиот комарец на-паѓа преку целиот ден. Исто така, тигрестиот комарец е носител на едни од најопас-ните заразни болести во светот. Целиот текст кој беше објавен за доктори.мк можете да го прочитате во продолжение:

Проф. д-р Драган Даниловски: околу тигрестите комарци – какви болести можат да пренесат

Тигрестиот комарец, со латинско име Аеdes albopictus е двојно опа-сен: ем б оде и предизвикува неподнослив јадеж, ем може да биде потенцијален пренесувач на о пасни вируси (колку и да е последново само теоретски ризик кај нас)!

Тој е по потекло од Истокот (тропските и суптропските области на Југоисточна Азија). И се рашири благодарејќи на интензивниот меѓународен сообраќај.

Осво-јувачкиот п оход го почнува во средината на шеесетите години од минатиот век и досега е идентификуван на сите континенти. На тлото на Европа стапнува во Албанија во 1979 и оттогаш се шири низ Медитеранот и цела Европа.

Во Македонија (Југоисточниот регион) е идентификуван во 2016 година, од страна на ентомолошкиот тим на ЦЈЗ Скопје. Денес сигурно е раширен низ целата држава. За Скопје и околните населби знам дека деновиве имаме инва-зија на малиов натрапник.

Доволни се (буквално) не повеќе од пет минути да сте на отворено, за да заработите 2-3-5 уб.ода! За разлика од повеќето видови комарци присутни кај нас, кои се активни само во раните вечерни и раните утрински часови, овој е активен и б оде цел ден.

Аеdes albopictus може да ги надвладее, па дури и да ги ерадицира другите видови комарци со слични живеалишта (хабитати) за размножување, од самиот почеток на неговиот осво-јувачки поход. Се храни со кр-вта на широк спектар домаќини (не само човекот, туку и животни и птици).

Се развива во најразлични вештачки легла, а за развој му е потребна многу мала количина на вода. Вештачките легла на комарците се разновидни и многубројни: отворени контејнери со вода во дворовите и градините (кофи и буриња), разни предмети во дворот и околината каде се акумулира дождовница, автомобилски гуми оставени на отворено, затнати олуци, вазни, вода во тацните под саксиите со цвеќиња, насобрана вода на непропустливи подлоги, на депонии со ѓубре, неодржувани езерца и фонтани, базени и разни други акумулации на вода.

Развојниот циклус на комарецот на летни температури трае приближно пет дена, што значи дека новите комарци постојано се развиваат во околината. Честите дождови, заедно со високите температури, влијаат на создавање на бројни легла, а значајна улога играат граѓаните кои многу често, преку невнимание, небрежност и незнаење, создаваат легла на комарци во дворовите и градините со нивните секојдневни активности.

Кои болести може да ги пренесе? Аеdes albopictus е епидемиолошки важен вектор за пренесување на многу вируси, вклучувајќи вирус на жолта треска, денга треска и треска чикунгуња, како и неколку паразити (Nematodes).

Тој може да биде домаќин и на вирусот Зика и се смета за потенцијален вектор за пренесување на Зика кај луѓето. Европа веќе доживеала неколку епидемии на треска Чикунгуња (Франција и Италија 2007 и 2010) и Денга треска во Франција и Хрватска (Пељешац), 2010.

Климатските промени со високи температури и влажност во нашата умерена континентална зона фаворизираат ширење на комарци и тропски заболувања. Сепак, епидемиолошките ризици се ниски, имајќи предвид дека на комарците не им се на располагање секој ден б олни од гореспоменатите вирусни заболувања, кои би претставувале извори на з араза.

Најважна е улогата на заедницата во превенцијата на ширењето тропските комарци и дезинсекција на ларвите, која мора да се спроведува во целата земја, а не само во одделни региони! Како? Исклучиво со аеро-запрашување со ларвицидни средства – средства кои ги уни-штуваат ларвите на комарците!

Запрашување со средства кои делуваат само на возрасните единки САМО ПРИВРЕМЕНО го решаваат проблемот! Но, проблем може да претставуваат, запоставени, влажни и бујни приватни имоти и неодржувани базени, каде комарците можат да се репродуцираат без контрола.

Како граѓаните сами можат да си помогнат?

Со одговорно однесување, граѓаните можат значително да го намалат бројот на комарци во својата околина. Неопходно е да се отстрани водата што може да стане легло на комарци. Тие најчесто летаат околу местото каде што се изведени.

-Да се отстранат непотребните предмети и контејнери во кои се акумулира вода: кофи, тегли, играчки, исфрлени предмети, автомобилски гуми и други видови контејнери; Редовно (еднаш неделно) да се празни или да се менува водата во садовите што се во употреба и задржуваат вода.

Да се затворат резервоарите за вода во дворовите и градините со капак, густа мрежа или фолија. Да се стави песок или земја во вазни со цвеќиња во гро-биштата, да се заменат природните цвеќиња со вештачки.

Прописно да се отстранува крупниот отпад; Редовно да се одржуваат базените на отворено, украсните езерца и фонтани; Да се одржуваат во исправна состојба системите за одводнување, дренажа и собирање на вода (олуци, улични сливници, канализација).

Церади и тенди да се поставуваат на таков начин, што да не може да се задржува вода во нив; Прописно да се чуваат гумите во вулканизерските дворови: редовно да се отстрануваат неискористените гуми; да се исцедува водата од гумите, тие да се редат во облик на пирамида и да се покријат со непропустлива фолија, така што на фолијата да не се задржува вода.

Да се одржуваат септичките јами, да се чуваат правилно затворени; Да се одржуваат зелените површини и градини.

Како да се заштитиме од к аснувања од комарци?

Да се заштитат прозорците и вратите со мрежи за инсекти и завеси или мрежи над креветите; Да се носи облека со светла боја, долги ракави и долги панталони; Да се користат средства за одбивање на комарците, т.н. репеленти, достапни во секоја аптека.