Во зима, имаме помалку овошје и зеленчук на располагање, а во тој период ни требаат витамини и минерали дури и повеќе отколку во лето. Сепак и летото може да биде многу жешко, времето суво и неподносливо, а горештината да нè исрцпи.

Во овој период најдобро е да пиете многу вода за да останете хидрирани, а подолу ви претставуваме еден интересен рецепт за туршија. Јас ја подготвувам во секое време од годината. Многу е вкусна, освежува, а и на око можам да кажам, дека е доста примамлива.

Потребни состојки: 1 кг краставици, 1 кг моркови, 1/2 кг зелени домати, 1/2 кг зелени пиперки, 1 кг карфиол, 1 кг зелка (доколку ви останала од зимата). Други потребни состојки: 750 мл алкохолен оцет, 250 г шеќер, 150 г сол, 250 мл вода, 1/2 литар масло, 1 ќесичка црн пипер.

Подготовка: Измијте го целиот зеленчук и исечете го на прстени, а зелката на тенки парчиња. Морковот сварете го околу 5 минути, оставете да излади, па исечете го на кругови.

Во тенџере ставете вода, оцет, шеќер, сол, масло и црн пипер и варете на тивок оган додека да зоврие. Откога ќе зоврие, распоредете ја водата во тегли во кои претходно сте го ставиле зеленчукот. Салатата е подготвена уште следниот ден, по отстојување.

II РЕЦЕПТ: Царска медицинска туршија во тегли со аспирин – готова е за 5 минути. Аспиринот содржи салицилна киселина и служи за подобра конзервација на зеленчукот. Секако, може и без нив ако се пастеризираат теглите или ако се додаде конзерванс.

Потребни состојки: 2 кг зелка исечкана на средни коцки, 1 главица поголема исечкана на цветчиња, 700 г моркови исечкани на тркалца, 1 кг црвени пиперки исечкани на коцки, 5 листови целер, крупно исечени, по 4 лажици бел оцет 9% за секоја тегла, по 1 лажица шеќер за секоја тегла, по 1 лажица сол за секоја тегла, по 2 апчиња аспирин за секоја тегла и зовриена вода за дополнување на теглите.

Постапка: Зеленчукот убаво измијте го под млаз ладна вода и оставете го да се исцеди. Една поголема главица зелка од 2 кг исчистете ја од надворешните листови и отстранете и го тврдиот кочан. Потоа исечкајте ја на коцки приближно 1х1 цм.

Карфиолот откако ќе го измиете отстранете му ги тврдите делови и исечкајте го на цветчиња со средна величина. Морковите исчистете ги и исечете ги на тркалца со големина по ваша желба. Пиперките исчистете ги од семето и петелките, па и нив исечете ги на коцки, а листовите од целер може да ги искинете или исечете покрупно.

Стаклените тегли стерилизирајте ги во рерна на 90 – 100 степени околу половина час, па откако ќе изладат започнете да ги полните со зеленчукот. Во секоја тегла ставајте по една рака од секој зеленчук (или можете истиот претходно да го измешате во голем сад).

Во секоја тегла ставете 4 лажици бел оцет 9%, по една лажица сол и шеќер, како и две апчиња аспирин. Прелијте со врела вода одозгора да се прекрие зеленчукот до врвот и веднаш затворете ја теглата со метален капак.

Теглата преврете ја наопаку, а после 10 минути превртете ја уште неколку пати за да се растопат таблетите. Уште подобро ако аспиринот претходно го изгмечете во прав. Деталите од целата постапка, погледнете ги во видеото ОВДЕ.