БЛИЗНАЦИ
Колку и да се трудите да бидете позитивни и да не дозволувате да ве обземаат грижи, утре ќе почувствувате мала грижа на совест во однос на работата. Роковите ви поминуваат, а вие стоите во место.
Ако работите хонорарно, можна е исплата на помала сума. Партнерот се однесува како работите сами по себе да се разбираат и не се труди околу вас.
Тоа ви пречи и денес ќе направите напор да го убедите да го смени однесувањето. Многу сте напнати и време е психички да се релаксирате.
ЈАРЕЦ
Многу сте нетрпеливи кога е работата во прашање. Утре ќе започнете една работа, а се уште не сте ја завршиле старата.
Тоа ќе внесе нервоза, не само кај вас, туку и кај соработниците. Послушајте ги добронамерните совети и не однесувајте се како вие да сте секогаш во право.
Премногу сте обземени со работата и многу малку внимание му посветувате на партнерот.
Утре обидете се да ја поправите грешката и да излезете некаде каде што ќе се релаксирате.
РИБИ
Утре ќе слушнете коментари кои нема да ви се допаднат. Коментарите ќе дојдат од место од коешто најмалку очекувате такво нешто.
Љубомората го следи успехот и ќе морате да се соочите со тоа. За вас е најважно дека постигнувате добри резултати и дека претпоставените ве ценат.
Многу сте и предадени на работата и воопшто не размислувате за партнерот. Тој се чувствува осамено и се обидува да ви каже како се чувствува. Послушајте пред да биде доцна нешто да се поправи.