За овој колач не ви треба миксер, ќе извалкате само 1 чинија и 2 чаши и вкупно 5 минути за да го направите (+30 мин за печење)

За овој колач не треба да вклучувате миксер, а ќе имате само две јогуртски чаши и една чинија што ќе се извалкаат, а вкупното време за приготвување на колачот изнесува само неколку минути.

Потребни состојки:

1 чаша течен јогурт ( се користи чаша од 200 мл)

1 чаша млеко

1 чаша масло

1 чаша кокос

1 ванилин шеќер

2 чаши шеќер

2 чаши брашно

1 лажичка прашок за печиво

за глазура:

100 г чоколадо

3 лажици масло

Постапка:

По тој ред со лажица или со шпатула измешајте ги состојките (може да оставите некоја минутка шеќерот да се растопи во млекото и јогуртот.

Смесата излејте ја во помал намастен и набрашнет плех 20х17 и печете во претходно загреана рерна на 180 степени, околу 30-тина минути.

Проверете со чепкалка дали е печено.

На пареа или на тивок оган растопете го чоколадото со масло и прелијте го преку колачот. Штом се стегне глазурата можете да го сечете.

Ако во третина од смесата ставете како, можете да добиете мраморен колач.

Поедноставно не може да биде, а колачот е сочен и вкусен.

Претходна статијаРецепт за вкусен сируп од рогач – “маџун” од рогач
Следна статијаГрашокот го сакам на сите начини, но овој рецепт ми е нај, нај…