Рецепт за вкусен сируп од рогач – “маџун” од рогач

Потребни состојки:

2 кг рогач – мешунки

2 литри вода

4 кг шеќер

1 лажичка мелено каранфилче

1 лажичка екстракт од ванила

1 лажичка цимет во прав

Постапка:

Мешунките од рогач добро измијте ги во вода неколку пати. Исушете ги, па испечете ги во рерна во чиста тепсија на 150 степени 40 минути.

Оставете ги да изладат, па потоа секоја мешунка (стапче) скршете ја на три или четири делови. Потопете ги во вода и оставете така да киснат преку ноќ.

Во истата вода во која се киснеа гответе ги следниот ден на умерен оган, еден час. Процедете низ цедалка, па притиснете ги мешунките убаво за да добиете што повеќе екстракт од самиот рогач.

Во добиената течност додадете шеќер, мелено каранфилче, екстракт од ванила и цимет во прав.

Ставете на тивок оган полека да се готви околу еден час или час и половина, во зависност од тоа која густина ја сакате да ја има сирупот.

Тргнете од оган, оставете да излади, па складирајте во стерилизирани стаклени тегли и затворете убаво пред целосно да излади сирупот.

Претходна статијаНајубавата овошна торта: рецептот го украдов зошто пријателката не сакаше да ми го даде
Следна статијаЗа овој колач не ви треба миксер, ќе извалкате само 1 чинија и 2 чаши и вкупно 5 минути за да го направите (+30 мин за печење)