Грашокот го сакам на сите начини, но овој рецепт ми е нај, нај…

Потребни состојки:

loading...

500 г свеж или смрзнат грашок

1 поголем морков

1 китка магдонос

loading...

2 лажици масло

1 лажичка шеќер

1 лажичка мелен црвен пипер

2 лажици брашно

сол, вегета по вкус

Постапка:

Морковот излупете го и исечкајте го на тенки тркалца, па ставете ги да се варат во 1 литар вода во која сте додале малку сол. Во зовриената вода додаете го и смрзнатиот грашок (ако имате свеж грашок ставете го заедно со морковот пред да зоврие водата).

Кога грашокот ќе омекне (но не да биде преварен) процедете го, а водата во која се готвеше сочувајте ја.

На масло пропржете шеќер малку да се карамелизира, па тргнете од оган и во него одеднаш истресете го грашокот со морковот. Промешајте и наросете со ситно сечкан магдонос и црвен пипер во прав.

Во една чаша разматете брашно со малку ладна вода, да нема грутчиња, па прелијте преку грашокот и промешајте, па вратете на оган и дотурете уште од водата во која се готвеше грашокот, онолку колку што сакате да ви биде густо.

Значи, полека дотурајте вода и мешајте, гответе уште околу 10 минути. Ако треба додадете уште малку сол и сува зеленчукова мешавина, по вкус, а можете да додадете и месо.

loading...