Една од омилените торти, кои многу често ги подготвувам и секогаш цела се изедува на родендените, но и кога ќе ми дојдат гости. Убаво се сече и не се распаѓа, а притоа е сочна. Комбинацијата од чоколадо и млеко е многу едноставна, но затоа е највкусна.

Пандишпанот може да го користите и за правење на други торти и колачи, а овој пандишпан може да се вметне како средишен или од најгорните слоеви на некоја побогата торта. Чоколадото се топи во уста, а за оваа торта ви се потребни само малку млеко, брашно и чоколадо.

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 2 чаши шеќер, 2 чаши брашно, 2 лажички прашок за печиво, 1,5 лажиче сода бикарбона, 1 лажиче сол, 3/4 чаша какао, 2 јајца, 1/2 чаша масло, 1 чаша млеко, 1 чаша топла вода, 1 лажиче кафе во прав. ЗА КРЕМОТ: 500 г чоколадо,  1 чаша крем за готвење.

ПОСТАПКА: Во подлабок сад ставете 2 чаши шеќер. Врз садот наместете поголемо сито каде што ќе до додадете брашното, 2 лажички прашок за печиво, 1,5 лажиче сода бикарбона и 1 лажиче сол. Полека протресувајте додека сите состојки да паднат во шеќерот, а потоа измешајте со лажица или шпатула.

Потоа просејте 3/4 чаша какао и повторно соединете со шпатулата. Постепено сипувајте половина чаша масло во тенок млаз, па потоа додајте 1 чаша млако млеко. Соединете во еднолична и течна смеса без грутчиња. Смесата треба да биде мазна.

Скршете две јајца и набрзина соединете ги во смесата која треба да биде хомогена. На крајот се меша 1 чаша топла вода со 1 лажиче кафе (најдобро инстант) кафе. Сипете ја смесата полека додека константно соединувате. Вака подготвената смеса излејте ја во подмачкан плех (потенок) со средна големина.

Израмнете ја смесата и ставете на печење во загреана рерна на 170 степени, 40-тина минути. По печењето, проверете ја со чепкалка. Оставете ја кората да се олади, а во меѓувреме подгответе го кремот. Скршете го чоколадото и соединете го со кремот за готвење на тивок оган.

Кога кората ќе се олади, поделете ја на четири еднакви дела, прво се дели надолжно, па на половина (се добиваат квадрат кори). Филувајте ја секоја кора со чоколадниот крем, а на последната кора премачкајте со преостанатиот крем и од страните на тортата. Декорирајте по желба. Деталите од целата постапка погледнете ги ОВДЕ.