Можеби седата коса е првата асоцијација за старост, но таа всушност и нема толку голема поврзаност со возраста. Сведоци сме за тоа дека и многу млади луѓе патат од предвремено побелување на косата, па затоа се принудени да ја бојадисуваат.

Но, жените знаат колку бојадисувањето може да ја уништи косата, но исто така, честото одење на фризер може да ги испразни и џебовите. Колку бели влакна ќе ни се појават и со која брзина ќе „побелиме“ зависи од повеќе фактори, а првенствено од генетиката.

Доколку нашите родители добиле седа коса на помлади години, тогаш постои голема веројатност дека и ние ќе го доживееме истото. Сепак, главниот фактор за прераната појава на седи влакна е стресот, брзото темпо на живот и недоволниот сон.

Исто така, лошиот избор на храна може да ја зголеми веројатноста за појава на седи влакна, бидејќи телото едноставно не е доволно здраво и не добива доволен број хранливи состојки. Овој список е надополнет и со стареењето.

Со текот на годините нашиот организам не произведува доволно меланин и косата пополека започнува да станува сребреникава. Бојадисувањето може да делува како единствено логично решение за да излезете на крај со седите влакна, но не секогаш е идеално решение.

Доколку ја сакате својата боја на коса или пак доколку сметате дека сте премногу млади за да започнете да ја бојадисувате, тогаш најверојатно се обидувате на некој начин да ја избегнете фарбата. Народната медицина има неколку решенија за овој проблем, а ние ќе ви откриеме едно од нив:

Потребни ви се само две моќни состојки и упорност од ваша страна, па косата ќе стане повторно младешка, сјајна и здрав, со цврсто влакно, но исто така и ќе се згусне. Ќе се изнедите колку брзо делуваат овие два препарата кога се користат заедно. Ви ги откриваме рецептите за нивно приготвување, а еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 100 г свежи ливчиња рузмарин (без гранчиња, само иглички), 500 мл вода, 150 мл ладно цедено девствено маслиново масло и 5 полни супени лажици сув рузмарин (само иглички). Рузмаринот совршено ја зајакнува косата и и’ дава сјај и виталност.

Тоа е најпознатата билка која помага за сите проблеми со косата. Има способност да ја зголеми микроциркулацијата на скалпот, а со тоа да ја зголеми исхранетоста на коренот на влакното и да овозможи нејзин побрз раст.

На косата и дава убав сјај и помага да се спречи предвременото побелување. Ги смирува разните воспаленија и кожни иритации, па помага и за елиминација на првутот, но и превенира опаѓање.

ПОСТАПКА за рецепт 1: во тенџере на оган ставете 500 мл вода да зоврие. Од гранчињата исчистете ги само игличките, па свежиот рузмарин сипете го во зовриената вода. намалете ја температурата и варете 10 минути.

После тоа тргнете го садот од оган, поклопете го и оставете целосно да се олади. Процедете ја течноста и складирајте ја во шише или сад со кој лесно ќе ракувате.

После секое миење на косата, откако ќе ја исперете косата, исплакнете ја или испрскајте ја со овој чај. За да го засилите дејството, во чајот додајте и неколку нагмечени или исечкани чешниња лук.

ПОСТАПКА за рецепт 2: Во стаклена тегличка сипете пет супени лажици сув рузмарин и залијте го со квалитетно маслиново масло. Промешајте, затворете ја теглата и оставете на топло место да отстои еден месец. Секој ден отворајте ја теглата и промешувајте. Не смее да се собере влага под капакот од кондензација.

По изминатото време процедете го маслото и складирајте го во стаклен сад. Двапати неделно масирајте го скалпот со ома масло, а малку нанесете и на врвовите од косата. Оставете да делува еден-два часа, па исперете ја вообичаено. Деталите погледнете ги ОВДЕ.