ВРЕМЕ е да се соберат листови од смокви за повеќекратна употреба. Листовите од смоква, меѓу другото, содржат и фосфор (P), кој со голема брзина исчезнува од земјата.

Сите билки, односно стебла, во своите листови содржат бројни елементи, па така и смоквата. Меѓутоа, смоквата меѓу ретките кои во своите листови таложат фосфор.

Наесен кога листовите паѓаат, тие треба да се собираат и од нив да се приготвува течно органско ѓубриво кое е богато со фосфор.

Во некој голем сад (јас користам канта од 10 литри) соберете ги смоквините листови. Садот треба да биде целосно исполнет (приближно 1 кг).

Потоа листовите залијте ги со вода, најдобро со дождовница и оставете да ферментира. Наесен кога нема многу сонце и температурите се пониски, ферментацијата ќе трае повеќе од 20 дена.

Меѓутоа, ова времетраење не е многу важно, затоа што органското течно ѓубриво ќе се користи при пролетното расадување на зеленчукот и другите билки.

Ноември и декември се идеални се идеални за собирање на вакви смоквини листови и да направиме повеќе литри течно ѓубриво богато со фосфор.

Еден дел од листовите кои ќе отпаднат, потребни му се на самото дрво, па затоа треба да се соберат околу стеблото. На тој начин ќе се постигне еден вид термичка изолација, но и ќе му се вратат хранливите материи.

УПОТРЕБА: 1 литар течно ѓубриво се разредува со 10 литри вода, но може да се разредува и 1:5, а во одредени ситуации, дури и 1:1. Целата презентација на Мичо Маринковиќ можете да ја погледнете ОВДЕ.