Познато е дека кога пиеме лекови тие поминуваат низ црниот дроб, по што тој е оптеретен и му е потребно време за да се обнови и прочисти. За чистење на црниот дроб по лекови, хепатитис и други болести, оваа сеозна најдобро е да користите мед од тиква.

Како што знаете, медот е едно од најмоќните имуностимулирачки агенси кои се борат против сите видови вируси и бактерии, а се препорачува и за гастроинтестинални заболувања.

Ако ја измешате тиквата со мед, ќе добиете навистина лековито дејство на организмот. Така, корисните својства на тиквата со мед може да се искористат во борбата против камењата во бубрезите и жолчните камења.

Како да направите мед од тиква

Земете една голема тиква, тешка околу 9 кг, излупете ја и измелете ја во мелница за месо заедно со јадрото и семките. Во добиената каша додајте 5 кг мед и измешајте.

Оставете да отстои 10 дена, на темно место, со редовно мешање. На единаесеттиот ден, процедете ја течноста преку газа и фрлете ја пулпата. Пијте 50 мл сок три пати на ден, 30 минути пред оброците.

Овој лек се користи за лекување на црниот дроб по сериозна болест или по употреба на силни лекови.

Друг начин за правење мед:

Земете тиква со средна големина. Исечете го горниот дел, за да стигнете до централниот дел на тиквата. Исчистете го од семиња. Во внатрешноста налејте го медот од багрем, па со врвот поклопете ја тиквата.

Под тиквата ставете послужавник. Оставете ја на темно место, на собна температура 10 дена. На 11-ти ден започнете со третман со 1 лажица, 3 пати на ден, половина час пред јадење. Консумирајте мед од тиква 20 дена. Внимавајте на евентуални знаци на мувла, па затоа е потребно секојдневно проверување на тиквата.

За да ја вратите функцијата на цревата, да ги отстраните токсините од телото, овој мед можете да го користите како додаток на оброците.

Тиквата во комбинација со мед ќе ви помогне да се справите со несоницата и зголемениот ментален cтрес. Лекот не мора да биде горчлив и грд. Тиквата со мед е исклучително вкусен производ кој го лекува целото тело.

Тиквата се користи и во лечење на анемија, кардиоваскуларни заболувања, едеми, дебелина. Лесно се апсорбира во организмот и е клучна храна за малите деца. Ако сте чувствителни на некоја од состојките не користете го овој производ и задолжително советувајте се со вашиот лекар.